Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Промена на работното место

promena-na-rabotnoto-mesto-povekjeЖивееме во време кога многу луѓе планираат, или посакуваат промена на нивното работно место. Најчесто причините се незадоволството, или...


...неподносливите услови во кои работат. Голем удел во овие причини има секако и рецесијата.

Со цел овие планови успешно да завршат, неопходна е стратегија и детално планирање. Значително ќе ви помогне доколку направите листа со приоритети на посакувани работни места.

Многумина ќе се најдат во ситуација да посакаат да си отворат сопствен бизнис. Отворањето на сопствена фирма, освен бројните погодности, носи и голем број ризици за кои неопходна е ментална и финансиска подготвеност.

Најважно е да го прифатите фактот дека животот се состои од промени и да не се плашите да излезете од секојдневната рутина.

promena-na-rabotnoto-mesto

1. Мислете позитивно – За да ви биде успешна транзицијата на новото работно место, многу е важно да бидете мотивирани. Треба да верувате дека ќе има позитивни промени, но и да бидете подготвени за можни недостатоци.

2. Поврзете се со искусни луѓе – Кога менувате работно место, паметно е да се консултирате со оние кои имаат искуство и веќе поминале низ истото. Распрашајте се по пријателите за сите предности и недостатоци на новото работно место.

3. За сè треба време – За новото работно место, покрај целата одлучност и храброст, потребно е и доволно слободно време за совладување на новите вештини и потребно искуство.

4. Годините се предност – Никогаш не е доцна за нов почеток. Не се важни годините, туку духот. Секогаш треба да бидете подготвени за нови предизвици.

5. Искористете го знаењето – При избирањето на нова кариера често се греши бидејќи најчесто луѓето се одлучуваат за работа поврзана со претходната. Не мора секогаш следната работа да биде иста со претходната, сепак убаво е да постои некоја поврзаност.

6. Подгответе се за „стрижење“ – Доколку се одлучите за промена на работното место, треба да бидете подготвени на фактот дека е можно на почетокот да заработувате помалку од претходно. Затоа многу е важно да разработите детален финансиски план. Најчесто првиот чекор би бил кратење на непотребните трошоци.

7. И за крај, уживајте во работата! – Никако не заборавајте на сопствената сатисфакција. Не дозволувајте за повеќе пари да одберете нешто во што нема да уживате!

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
7 квалитети кои надредените ги ценат кај вработените (заради кои сте незаменливи) Лидерство и мотивирање колеги дури и кога немате авторитетна позиција, јасна ком...
5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во сис...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg