10 работи кои девојките со емоционална интелигенција ги прават поинаку во врските

Девојките со емоционална интелигенција не паничат кога работите не се совршени, затоа што знаат дека многу фактори влијаат на една љубовна врска, а понекогаш дури и работата и стресот.

10-raboti-koi-devojkite-so-emocionalna-inteligencija-gi-pravat-poinaku-vo-vrskite-01.jpg

Да се биде во врска со девојка која има емоционална интелигенција е вистински благослов.

Тоа значи дека ќе имате квалитетна врска, која ќе ве направи среќни и задоволни.

Работи кои девојките со емоционална интелигенција ги прават поинаку во врските:

- Комуницираат отворено и искрено – директно со фокус на важните работи и ако нешто ги мачи, тогаш отворено ќе му кажат на партнерот.

- Имаат потреба од мигови на самотија – тие уживаат во сопственото друштво и сакаат време за поврзување со себе и за полнење на батериите.

- Не се плашат од соочување со нагорнините и падовите – не паничат кога работите не се совршени затоа што знаат дека многу фактори влијаат на една врска, а понекогаш дури и работата и стресот.

10-raboti-koi-devojkite-so-emocionalna-inteligencija-gi-pravat-poinaku-vo-vrskite-02.jpg

- Тие се потпираат на себеси – не дека не бараат поддршка од партнерот, туку се свесни дека првенствено тие се одговорни за своите емоции, одлуки и дела.

- Благодарни се – тие се свесни за добрите работи во нивниот живот и ги ценат, па така ако партнерот им е погоден, приземјени се и не трчаат по следната „голема работа“.

- Имаат силни пријателства – тие инвестираат време и енергија не само во љубовната врска, туку и во пријателствата, секое од нив го сметаат за инвестиција за цел живот.

- Отворени се за фидбек – прифаќаат конструктивна критика и ги слушаат ставовите и гледиштата на другите луѓе кон нив, се разбира, на оние релевантните.

10-raboti-koi-devojkite-so-emocionalna-inteligencija-gi-pravat-poinaku-vo-vrskite-03.jpg

- Имаат здрави граници – па, дури го охрабруваат и партнерот да постави свои, сметаат дека врската ќе биде посилна, ако се почитуваат еден со друг.

- Подготвени се за промени – знаат дека без промени не можат да растат и да се развиваат и затоа секогаш се жедни за нови искуства, индивидуални или со партнерот.

- Не очекуваат совршена врска – тие знаат дека совршенство не постои и се задоволуваат со доволно добра врска од реалноста, без принцови и стаклени чевлички.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg