7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас

Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имате секс за првпат. Иако сте возбудени, сепак, малку сте и загрижени за тоа што тој мисли и дали ќе ги исполните неговите очекувања. За кои 7 работи размислуваат мажите во текот на првиот секс со нова партнерка?

7-raboti-za-koi-mazhot-razmisluva-za-vreme-na-prviot-seks-so-vas-01.jpg

Првиот секс со нов партнер понекогаш може да биде чуден, дури и лош ако сте премногу загрижени, се воздржувате и не сте „свои“, бидејќи не знаете како другата личност ве доживува, што сака во кревет, какви очекувања има.

Двајцата партнери размислуваат за тоа што ќе помисли другиот и често се загрижени дека нема да ги исполнат очекувањата.

Но, овој страв го имаат и мажите. И додека жените најчесто размислуваат за долната облека, дали им останало некое влакненце на телото, дали ќе му се допадне на мажот гола и како да го скрие оној дел од телото што не ѝ се допаѓа, мажите размислуваат за слични теми, но и за некои сосема други работи – на пример, дали ќе успее да ја доведе до оргазам или не.

Знаете ли кои се седумте работи за кои најчесто размислува мажот кога првпат имате секс?

7-raboti-za-koi-mazhot-razmisluva-za-vreme-na-prviot-seks-so-vas-02.jpg

Некои работи на оваа листа сигурно ќе ве изненадат:

Дали се бањата и спалната соба чисти?

Ова им е една од најважните работи на мажите, особено ако се бричеле или ги потстрижувале влакната на телото пред првиот секс.

Мажите признаваат дека често помислуваат и на тоа дали го спуштиле капакот на тоалетната школка или заборавиле.

Кондоми

Многу мажи размислуваат и за кондомите – дали им се на дофат на раката за да не мора да стануваат.

Вашето тело

Повеќето мажи скришум ќе „ве измеркаат“ од глава до петици кога ќе се соблечете, а само малкумина ќе зјапаат во вас без да го скријат тоа.

Па, така, ќе ги забележат бемките, белезите од раѓање, дали имате тетоважа, пирсови, дури и ако имате стрии.

Но, како ќе реагираат на тоа што ќе го видат, зависи најмногу од нив.

Мека и мазна кожа

Мажите сакаат мека и мазна кожа. Па, обрнуваат внимание и на ова.

7-raboti-za-koi-mazhot-razmisluva-za-vreme-na-prviot-seks-so-vas-03.jpg

Како мирисате

Мажите забележуваат и како мирисате, дали имате парфем, каков е природниот мирис на вашата кожа.

Ќе ги набљудува вашите реакции

При првиот секс мажот нема да ве брза, нема да ве тера да правите работи што не ги сакате, од кои не се чувствувате удобно.

Ќе ве набљудува како реагирате во одреден момент и ќе се потруди да го повтори тоа доколку му се чини дека ви се допаднало.

Ќе бара знаци дали сте доживеале оргазам

Ако му се допаѓате вистински, мажот ќе се потруди да направи сè и вие да доживеете оргазам, а не само тој.

Затоа ќе пробува различни работи во кревет, а истовремено ќе бара знаци дали сте доживеале оргазам, бидејќи ниеден маж не сака да зборуваат за него дека е лош љубовник и дека не знае да ја доведе жената до кулминација.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg