„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+)

„Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога се радуваме затоа што сме се договориле да имаме секс, се случува некој да заспие и ништо“ – вели една од Србинките која одговара на прашањето како изгледа сексот во долгогодишните бракови.

se-dogovarame-da-imame-seks-pa-nekoj-zaspiva-srbinki-za-seksualniot-zhivot-po-9-godini-brak-01_copy.jpg

Дали е вистина дека со текот на годините во бракот, сексот станува сѐ поредок? Колку овие тврдења се вистински и за брачните парови на нашите простори?

Дали е возможно и по 9 години брак, брачните партнери да имаат секс и по 4 пати неделно?

Дали нашите жени секогаш внимаваат на сопствениот изглед, па и кога се дома не се запуштаат и како воопшто изгледа интимниот живот кога со партнерот живеете долго години заедно?

Српската авторка Марија Јовановиќ направи анализа на темата „секс во долгогодишен брак“, и разговараше со 3 нејзини пријателки за тоа како навистина изгледа интимниот живот после речиси една деценија брак.

Во продолжение погледнете ги сведоштвата на овие 3 Србинки:

„Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога се радуваме затоа што сме се договориле да имаме секс, се случува некој да заспие и ништо.

После 9 години брак заморот ни е многу поголем проблем, од она што најчесто се споменува – здодевност, рутина, предвидливост.

Затоа се случува воопшто да не се дофатиме и по 2 или 3 недели, а потоа да сфатиме дека тоа е загрижувачко и дека не е добро, па се случувало сексот да го зацртаме под нешто што ‘мора да се направи’, како лек што мора да се испие.

se-dogovarame-da-imame-seks-pa-nekoj-zaspiva-srbinki-za-seksualniot-zhivot-po-9-godini-brak-06.jpg

Некогаш кога ќе помислам колку сме нередовни, малку знам да се исплашам, затоа што постојано слушаме за неверства.

Нам на почетокот на врската и бракот апетитите ни беа многу големи, не можевме да се заситиме еден од друг. Потоа дојде бракот, децата, обврските го прават своето.

Многу е поинаку кога сме на одмор или кога децата на неколку дена не се дома, па тогаш се шетаме голи по дома, повеќе се смееме, разговараме, се заведуваме, а со тоа секогаш следува одличен секс“ – вели 43-годишната Маја.

se-dogovarame-da-imame-seks-pa-nekoj-zaspiva-srbinki-za-seksualniot-zhivot-po-9-godini-brak-08.jpg

Слична е и приказната на 37-годишната Мила која вели дека еден период едвај се гледале со сопругот.

„Две деца, работа, трчање – од обврски не можевме да кренеме глава. Плус јас патував во друг град на работа.

Си доаѓам навечер сомелена и не ми е до ништо, а не пак до секс.

Сега кога пак сум дома, работите се поинакви.

Можеби затоа што и децата растат. И се фаќам себеси како ми е баш возбудливо што пак сме возбудени еден за друг.

Почнавме и малку да експериментираме. Мислам дека сега сигурно не ни поминува една недела без секс“ – вели таа.

se-dogovarame-da-imame-seks-pa-nekoj-zaspiva-srbinki-za-seksualniot-zhivot-po-9-godini-brak-04.jpg

Третата Србинка, пак, се наоѓа во многу незгодна ситуација, па вели дека заради тоа трпи и нејзиниот сексуален живот.

„Еднаш месечно. Го користиме мигот кога детето ќе заспие па потоа одиме во некоја друга просторија.

Едвај чекам на детето конечно да му ја реновираме и опремиме собата затоа што секогаш спие со нас во истата соба и тоа баш е ужас.

Некогаш ми се чини како да сме заложници во сопствениот живот, сѐ нешто чекаме да биде подобро, да имаме повеќе простор за ова, за она, а всушност мора да ја користиме секоја пригода за тоа што го сакаме затоа што никој не знае кога ќе се склопат сите коцки.

Сепак, кога подобро ќе размислам, сега тој секс ми е како празник, а кога би можеле почесто да бидеме интимни, се прашувам дали ќе имаме желба“ – вели Јована.

se-dogovarame-da-imame-seks-pa-nekoj-zaspiva-srbinki-za-seksualniot-zhivot-po-9-godini-brak-05.jpg

Што мислите вие? Возможно ли е да се има здрав сексуален живот кога долго време сте во брак?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg