Фази во сексуалниот живот

fazi-vo-seksot-povekjeИ сексуалниот живот има свои подеми и падови, периоди на страсти и затишја. Сето ова зависи од возраста, одоносот со партнерот, нивото на самодоверба.

 

fazi-vo-seksot

Еве ги фазите на сексуалниот живот на една двојка кои сигурно ќе ги поминете.

Адолесценска фаза или фаза на заљубеност
Во оваа фаза го губите разумот и се препуштате на чувствата. Ова обично се случува на почетокот на нова врска, полна со секс, интимности и страсти. Оваа фаза можете да ја доживеете на 19, но и на 35 години.

Фаза “нова поза”
Веќе сè сте испробале и сакате да го зачините сексуалниот живот. Долго сте заедно, се чувствувате слободно и пробувате да ги остварите фантазиите кои не би се осудиле на никој да ги кажете. Во оваа фаза најверојатно ќе пробувате нови локации, потези, секс играчки... 

Фаза во која жалите за нешто што сте пробале
Во одредена точка од времето сте се согласиле да направите нешто поради партнерот или од радозналост од кое сега ви се крева косата на главата. Балансирањето помеѓу забранетото и друштвено прифатливото однесување никогаш не е лесно. Простете си себеси доколку сметате дека сте ја преминале границата, но ветете си дека нема ништо веќе да правите против своја волја.

Фаза на секс на брзина
Не секогаш имате време за палење свеќи, припремање миризлива купка или за долги предигри. Добриот стар секс на брзина во густиот распоред би можел одредено време да стане правило. Зошто да не? Жестоко, брзо и врши работа.

Фаза на удобен секс
Сексот на филмовите најчесто е експлозивен, страстен и животински. Во фазата на удобен секс, ваков секс може да ви набие комплекси, бидејќи ќе ви се чини многу далечен. Не очајувајте, во долгите врски луѓето развиваат посебен однос во кој не треба премногу зборови, бидејќи знаете како да се задоволите и го знаете тоа што другиот најмногу го сака. Сексот веќе не е само страст и потреба, туку длабока интимност која силно ја доживувате.

Би можело да ве интересира:

„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg