„Кога ќе се омажиш, веднаш се закопуваш“, ми кажа татко ми - но мене бракот ми го разубави животот

„За едно сум посебно благодарна - што татко ми со своите приказни сепак ме научи да го живеам посакуваниот живот најпрво храбро сама и доволно долго - за кога ќе се појави некој маж што ќе сака тоа да го менува и да ме обликува, јас тоа да не го прифатам“.

koga-kje-se-omazhish-vednash-se-zakopuvash-mi-kazha-tatko-mi-no-mene-brakot-mi-go-razubavi-zhivotot-01.jpg

Милица Оливер е поетеса и пистаелка од Србија, која дел од своите дела сака да си споделува со нејзините 100.000 следбеници на Фејсбук, па така беше и овој пат кога сподели извадок од книгата на која работи периодов.

Нејзината моќна објава:

„Кога ќе се омажиш, веднаш се закопуваш“, зборуваше татко ми, повеќе за себе, но доволно гласно за јас сè јасно да чујам.

Одеднаш ќе почнеше така да зборува додека ме возеше од училиште на тренинг, па на турнири, каде што јас мирно и тивко седев слушајќи ги неговите размислувања за животот.

Најмногу време поминував со него, па затоа и најмногу ги слушав тие приказни.
Можеби токму затоа се омажив многу подоцна од брат ми и сестра ми – не сакав предвреме да одам во „гроб“.

Тато отсекогаш сакаше три работи за мене:
да се занимавам со тоа што го сакам,
да патувам низ светот
и да учам, учам, учам.

Секогаш велеше дека тоа за него е најубавиот начин на кој може да се помине животот и дека, ако би можел да се врати во минатото, би уживал во сето тоа многу подолго.

Минатото не можеше да го врати, а на ситуацијата во земјата (се мисли на Србија, но слично важи и за Македонија) немаше премногу влијание, лудилото почна токму кога требаше да се живее… војни, санкции, изгубени работни места, изгубени луѓе, соништа, изгубени идеи за тоа што значи да се живее, а прегрнати идеи за преживување на денот, месецот, годината.

И така, моите родители, eден покрај друг, но и за нас тројца - преживуваа. Онака како што знаеја и умеа.

Нема тука некоја посебна помпа, радост, нема тука планови, желби, освен да нè изведат нас тројцата на прав пат.

Знаев и на десет години дека тато зборува не затоа што навистина верува дека бракот е гроб, туку дека зборува од некој очај, некое разочарување од животот, од луѓето, некоја неоствареност, стеснетост поради целокупната ситуација, поради смртната сериозност затоа што шест мали очи го гледаат, го слушаат и го чекаат неговиот следен потег.

Му верував многу, но не и целосно на тој негов песимистички поглед кон заедничкиот живот.

Признавам, долго време се плашев да влезам во заедница затоа што сè ми беше средено и не сакав таа среденост да се наруши.

Но, и покрај сите приказни кои ги слушав низ годините, со влегувањето во брак открив дека:
животот стана полесен, не потежок,
животот стана поубав, не погрд,
сакам повеќе и многу се смеам.

Општеството и системот почнаа да ме третираат како конечно да припаѓам, додека дотогаш како да нешто не беше во ред со мене.

Во бракот сум поуспешна, посигурна и во можност повеќе да им помагам на другите.
Помалку се грижам, а повеќе сонувам.

Клучот е во сличните сфаќања за тоа како сакаме и двајцата да живееме, дишеме, функционираме.

koga-kje-se-omazhish-vednash-se-zakopuvash-mi-kazha-tatko-mi-no-mene-brakot-mi-go-razubavi-zhivotot-02.jpg

Открив дека бракот не е закопаност (иако знам дека има многу кои токму така се чувствуваат, особено жените).

Но, за едно сум посебно благодарна – што татко ми со своите приказни сепак ме потсетуваше да застанам, добро да размислам, да се запознаам себеси, да се едуцирам, да патувам, да си го организирам животот така како што јас сакам.

Да го живеам посакуваниот живот најпрво храбро сама и доволно долго за кога ќе се појави некој што ќе сака тоа да го менува, да ме става во агли, кафези, кутии, да ме обликува според својата идеја за тоа каква треба да биде една жена - јас тоа да не го прифатам.

Повеќепати не прифатив и затоа долго време бев сама.
Но кога конечно решив да влезам во заедница, открив дека бракот не е гроб. И јас не сум роб.

И за тоа, благодарам тебе, тато.
Милица Оливер

Од книгата во подготовка „365 лекции“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 работи кои им се најважни на луѓето во љубовната врска (за да останат до крајот на животот) Ниту изгледот, ниту лудата авантура... Што е клучно за луѓето да бидат среќни и ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
10 работи што ги прави партнерот кој ве цени и вистински ве сака Си ги признава грешките, ви дава комплименти и секогаш знае како да ве изненади ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg