Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема жената, толку е“
„Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе престане да има сопруга во приказната, мажот оди само по тој мачо дел кај љубовницата, но е неисполнет и тагува по сите оние работи кои всушност сопругата му ги давала“, вели Стојан Мишиќ, психотерапевт кој живее на релација Загреб-Белград.

Стојан Мишиќ е психотерапевт кој живее на релација Загреб-Белград и за себе вели дека покрај психотерапевт е сопруг, татко, пропаднат музичар и маратонец.
Неговата цел е да ги научи луѓето како да го унапредат нивниот партнерски однос.

Еден од неговите ставови е дека љубовницата има смисла само додека постои жената и тоа не поради моралот, туку поради психологијата на односите.
„Дома имаш партнерка, мајка, стабилност. Кај љубовницата го бараш она што во тој момент ти недостига - потврда, его, „алфа“ чувство.
Проблемот настанува кога жената ќе исчезне, а од љубовницата ќе почнеш да бараш сè. Таа не е тоа!“

Што вели Стојан поточно на оваа тема:
„Само покрај сопругата, љубовницата има смисла.
Зошто? Затоа што дома имаш некаков однос со жената и во тој однос она е мајка, твој партнер, сопруга, но најчесто нешто што кај мажите жената не го исполнува - мажот го бара кај швалерката или љубовницата.
Тој пронаоѓа љубовница. Добива комплетен пакт од сето тоа.
Но, ова важи и за мажите и за жените.
Тој оди кај љубовницата и добива признанија како дека е алфа маж, потоа доаѓа дома кога го подмирил тој инфантилен дел од себе и сега може назад да си влезе во улогата.

Оној момент кога ќе престане да имаш сопруга во приказната, мажот оди само по тој мачо дел кај љубовницата, но е неисполнет и тагува по сите оние работи кои всушност сопругата му ги давала.
Сега тоа повеќе го нема, сега ти бараш од љубовницата тоа да го исполни, но тоа не е тоа. Тоа таа или не го сака или не знае тоа да ти го пружи.
Затоа реков – Само покрај жената, љубовницата има смисла“.
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело
