Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо ми не би ни помислиле“
„Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи). А зошто? Затоа што луѓето мислат, и тоа е еден од најголемите гревови кои ѓаволот ни ги продаде денес, дека нам работите ни припаѓаат, дека ти припаѓа тоа ти да живееш убаво. Не ти припаѓа друже апсолутно ништо!“, вели психотерапевтот Стојан Мишиќ.

Стојан Мишиќ е психотерапевт кој живее на релација Загреб-Белград и за себе вели дека покрај психотерапевт е сопруг, татко, пропаднат музичар и маратонец.
Неговата цел е да ги научи луѓето како да го унапредат нивниот партнерски однос.
Сега, проговори на тема преголемиот број разводи денес.
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели:
„Мислам дека сега луѓето се разведуваат поради некои работи кои на твојата мајка или мојот дедо не би им паднало на памет.
Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи).

Поради неприготвен ручек и тоа се третира како непочит, како недостиг на љубов итн.
А зошто?
Затоа што луѓето мислат, и тоа е еден од најголемите гревови кои ѓаволот ни ги продаде денес, дека нам работите ни припаѓаат, дека ни припаѓа тоа ти да живееш убаво.
Како тоа тебе ти припаѓа ти да живееш убаво?

Значи ако ти сакаш да живееш убаво, ти мора да се бориш за тоа. Да се бориш!
Како мене, како Стојан, тоа ми припаѓа?
Кој сум, па јас за да живеам убаво...?
Јас морам да направам некои работи за да си обезбедам себеси луксуз или некој стил на живот.

Мене тоа не ми припаѓа. А луѓето мислат дека работите им припаѓаат.
Не ти припаѓа друже апсолутно ништо!
Што ќе посееш, тоа ќе пожнееш“.
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело
