Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради парите“
„Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себичен и разгален. Му раскинав“.

Кога едниот партнер заработува многу повеќе, кај многу луѓе се појавува мислата дека другиот е со него само за пари.
Ова е особено истакнато кога мажот е тој, богатиот – луѓето мислат дека жената сигурно е со него само поради неговите пари.
И покрај осудите, многумина ги интересира како изгледа врската со богат маж.
На форумот на BuzzFeed, неколку жени кои излегувале со богати мажи ги споделуваат нивните искуства.
Дел од искуствата во продолжение:
„Ми дозволуваше да ја користам неговата картичка, но толку беше фокусиран на работата, што се чувствував осамено во врската. Многу беше површен“.
„Многу луѓе мислеа дека сум со него за пари. Без разлика што имам моја кариера, никој не го интересира што работи сопругата на богат маж“.
„Го делеше богатство со мене, но очекуваше јас да правам буквално сè низ дома. Му раскинав по две години“.

„Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив и себичен. Она што беше негово, беше само негово. Но, тоа што беше мое, беше и негово.
И, во јавност секогаш коментираше дека јас сум со него за парите. Беше разгален, па му раскинав“.
„Бев во врска со богат маж, но не знаев колку се богати неговите родители на почетокот. Кога излегувавме, јадеше од мојата храна наместо да си нарача своја, ми ги земаше моите цигари наместо да си купи…
Кога му раскинав, ми рече дека немал ограничување за тоа колку пари можел да потроши во еден ден“.

„Два-трипати излегов со многу богат маж и секојпат ми даваше многу скапи подароци – од 30.000 долари и повеќе. И, за него тоа не беше ништо“.
„На почетокот беше забавно. Имавме врска на далечина и тој ми плаќаше авионски билет за да се видиме. Не ми дозволуваше да платам кога излегувавме заедно и сакаше да ми дава пари.
Мене ми беше чудно да зависам од маж, па продолжив да работам и да си ги покривам моите трошоци. Но, по само два месеца, почна да ми зборува за брак.
Почна да ме контролира и манипулира и стана посесивен. Стануваше гневен и злобен, па му раскинав“.
„Сакаат да се фалат со парите, да те потсетуваат дека заработуваат повеќе. Користат пари за да ја купат љубовта на партнерките и постојано зборуваат за сите работи што ти ги купиле“.

„Му беше многу лесно да ме изневерува“.
„Излегував со неколку богати мажи. Според она што јас го искусив, сите беа многу неучтиви кон келнери и продавачи и никогаш не оставаа бакшиш“.
„Мојот поранешен партнер беше богат. Генерално беше забавен, шармантен. Но, беше материјалист.
Еднаш рече дека вредноста на секој човек е поврзана со неговата сметка во банка, како и дека јас вредам помалку од него бидејќи заработувам помалку“.
Спирова С. | Црнобело
