Зошто се бакнуваме?

Наједноставен одговор е дека луѓето се бакнуваат затоа што чувството е убаво. Но, постојат луѓе на кои ова објаснување не им е комплетно. Сега за сега...

 

...љубовните научници сеуште немаат конкретно објаснето, не знаат како настанало бакнувањето, но имаат неколку теории.zosto-se-baknuvame1

Често прашање е дали бакнувањето се учи или е инстинктивно? Некои велат дека бакнежите се научено однесување, уште од далечните предци, кога мајките ја џвакале храната и од својата уста ја пренесувале на оние кои немале заби.

Идејата дека бакнувањето се учи, а не е инстиктивно ја поддржува и фактот дека не сите луѓе сакаат да се бакнуваат често, велат антрополозите.

Некои сметаат дека бакнувањето е и тоа како инстинктивно однесување, a начинот на кој животните го прават тоа е доказ за ова однесување.

Додека голем број животни го тријат носот со својот партнер како гест за привлечност, другите сакаат да го прават тоа како луѓе - се бакнуваат за да се утешат меѓу себе како знак за љубов.

Денес, општо прифатена теорија за бакнувањето е дека луѓето го прават тоа за полесно да го одберат својот партнер.

Кога личностите ни се блиски, нашите фhgеромони “зборуваат“ - разменувајќи биолошки информации за тоа дали овие двајца луѓе ќе останат поврзани. Жените, на пример, потсвесно преферираат машки мирис чии гени, се со различен имунолошки состав од нивните.

Сепак, голем број луѓе се задоволни со објаснувањето дека луѓето се бакнуваат затоа што чувството е добро.

Нашите усни и јазици содржат завршетоци на нерви кои помагаат да се засили вртоглавата сензација на заљубеност, кога ќе ги приближиме нашите усни до нечии други.

Искуството на тоа чувство обично не поттикнува на посилно размислување зошто всушност се бакнуваме, и секако раѓа желба за почесто враќање на истото.

А вие, зошто се бакнувате?

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg