Мажите кријат дека...

mazite-krijat-deka-povekjeНекои машки тајни може да бидат  слатки и невини, но постојат и такви кои ќе ве шокираат.  Без разлика колку добро го познавате вашиот...

 

...партнер има работи кои никогаш нема да ги подели со вас.

Некои од нив се невини, а некои можеби и не. Без оглед на се, потрудете се да ги откриете затоа што поради нив може да зависи иднината на вашата врска. Најчесто мажите кријат дека:

1. Комуницира преку интернет со барем една поранешна девојкаmazite-krijat-deka

Технологија овозможи полесно од кога и да е, да бидеме во врска со поранешните симпатии. За вашиот партнер ова е одреден вид осигурување дека тој нема да остане сам, ако ја прекинете врската.

Што треба да направите: Овие "резервни" варијанти обично остануваат само на тоа, па така што обично нема никаква причина за загриженост.

Сепак, ако често седи пред компјутер,  и се обидува да ги покрие преписките, а ако забележите знаци дека неговите нови Facebook пријатели повеќе се платонски, реагирајте што е можно побрзо. Преиспитајте ја неговата лојалност преку отворен разговор.

2. Загрижен е дека нема да може да ви остане верен до крајот на животот

Аферите станаа составен дел од модерниот живот на современите двојки. За работите да бидат уште полоши, нашата култура го пропагира тоа дека сексот е лош од оној моментот кога стапуваме во брак.

Мажите во тоа веруваат повеќе од жените, и ако доволно често го повторуваат ова во нив, во еден момент и ќе поверуваат во истото. Тоа веќе им е доволно добро оправдување за авантура, во која повторно ќе најдат возбуда.

Што треба да направите: Вашата цел треба да биде да го уверите партнерот дека  вие сте двојка, чиј секс се подобрува со текот на времето. Зачинувајте ги работите од време на време и предложувајте нови  пози или интересно место за водење љубов како масата, терасата или туш кабината.

3. Веројатно мастурбира повеќе отколку што мислите

Според статистичките податоци, во списанието "Женско здравје", дваесет проценти од мажите, признаа дека ги "земаат работите во свои раце", барем еднаш во денот, а повеќе од триесет проценти од нив се самозадоволуваат три пати неделно, а  тоа е вообичаено кога се сами или додека се тушираат.

Што треба да направите: Самата мастурбацијата е нормално однесување, но ако избегнува секс или имате тешкотии да го возбудите, треба  нешто да преземете. Обидете се повторно да ги фокусирате неговите раце на вашето тело.

Кажете му  ја својата сексуална фантазија, и тестирајте го, дали тоа ќе  го привлече неговото внимание. Вашите допири треба да му дадат до знаење, колку се поубави работите кога се прават заедно.

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg