Што заслужува секоја девојка

shto-zasluzuva-sekoja-devojka-povekjeДобивме неколку коментари за шовинистичко однесување :) па решивме да посветиме малку внимание на девојките. Ретко која жена нема список на...

 

...карактеристики кои ги бара кај својот партнер.

Тој мора да биде секси, згоден, дружeљубив, забавен, интелегентен, мора да сака животни, да не носи карирани кошули и што ли уште не.

Но, постојат и некои потреби кои секој вљубен маж, кој ја почитува својата партнерка, треба без проблем да ги овозможи.

Па доколку сакате да бидете успешен, зрел и одговорен партнер, еве што е неопходно да сторите за својата партнерка:

Комплетно внимание во важни моменти
Ако таа минува низ емотивна криза, немојте да ја оставите и да заминете на кафе со пријателите бидејќи не знаете како да се справите со нејзината тага. Можеби мислите дека е подобро да ја оставите сама да се исплаче, но таа многу повеќе би сакала да останете покрај неа и да ја прегрнете.

Комплименти кажани јасно и гласноshto-zasluzuva-sekoja-devojka
Жените сакаат нешто повеќе од насмевка и воздишка после добар секс. Во вакви моменти тие сакаат да чујат дека изгледаат неодоливо привлечно. Нежностите и комплиментите никогаш не се на одмет во врската.

Убаво однесување дури и ако сте повеќе години во врска
Иако веќе сте ја освоиле тоа не значи дека подоцна не треба да се однесувате убаво со неа. Убавите манири секогаш се добредојдени, а и секоја жена заслужува такво нешто.

Фина рамнотежа меѓу вистината и малите лаги
Не би било лошо да премолчите дека нејзината мајка ви оди на нерви или дека ручекот не е толку многу вкусен. Малите заобиколувања на вистината некогаш се добри за врската, но од друга страна важните работи не смеете да ги премолчите пред неа.

Безусловна посветеност кон еден дел од нејзиното тело
Одберете еден дел од нејзиното тело, кој безусловно ќе го обожавате и тоа отворено покажете го.

Многу предигра
Предиграта е е важна исто како и сексот полн со многу преграти, бакнежи, милувања и контакт со очите.

Потврда пред пријателите и семејството и секако на Facebook
Наместо статусот 'single' на Facebook задолжително треба да стои 'in a relationship'. Електронската потврда е подеднакво важна како и реалната.  Ако не сакате да признаете дека сте во врска најверојатно оставате простор за некоја друга личност.

Бидете нејзин најдобар PR
Морате да се гордеете на нејзините успеси, да не се чувствувате загрозени и задолжително да ја пофалите пред пријателите и семејството.

Никогаш немојте да и кажете дека е неподнослива заради ПМС
Ова е дозволено да го кажете само ако таа претходно си го признае истото самата на себе, но дури и тогаш треба да се смешкате и да ја прегрнете.

Да бидете нејзин модерен витез
Да ја земете од работа после напорниот ден и да ја одведете на мирен ручек, а потоа на релаксирачка купка.

Повик наместо порака или игнорирање
Јавувајте и се редовно, не ја оставајте да го очекува вашиот повик.

Имате нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg