Не се женам!

Баба ми отсекогаш се грижеше за тоа кој кога ќе се ожени и омажи во фамилијата. Како после пензионирањето тоа да ѝ остана единствена задача оставена во аманет, која едноставно мораше да ја заврши. И ете, на една семејна собиранка ми дојде ред и мене...

ne-se-zenam-001.jpg

Дали тоа баба ми го правеше од пустиот мерак да игра по свадби или навистина сериозно ја имаше сфатено задачата да биде стројник, таа едноставно секогаш притискаше за свадба, особено на оние на кои им „истекло времето“.

Знам дека беше некаде средина на мај. Се радував на новата облека која ја купив за свадбата на првиот братучед. Седевме на масата, собрани фамилијарно после долго време, навистина се смеевме од срце.

Различни генерации од нашата фамилија собрани на една маса, многу поколенија, а сите сплотени од еден убав настан. Се почувствував исполнето после долго време.

На масата до мене беше и мојата девојка со која се гледавме веќе десет години, а живеевме заедно пет години. Без трошка сомневање знаев кој разговор едноставно мора да биде направен на таа маса и само го чекав ножот, за да можам да ја спремам сопствената сабја.

Како по нарачка баба ми се огласи:, „Свадба кога?“

А јас како од пушка одговорив, „Никогаш!“... Оставајќи ја со згрчен израз на лицето.

„Како тоа никогаш?“ Ме запраша таа видно потресена.

Јас и мојата партнерка и нашиот живот во странство не ни налага да потпишеме никаков документ кој ќе нè обврзе на нешто што ние веќе сме и без него. Домот не го прават брачните завети, го креираме ние и нашата заемна почит.

Децата не ги прави посебна нивната крштеница која не им гарантира среќно детство, ние градиме нешто за да можат тие да живеат безгрижно.

Пред да почнеш да кажуваш како детето не смее да расте во небрачна заедница, да не отворам уста колку растат мизерно и несреќно во брачна заедница.

Зошто да трупаме папирологија онаму каде што не е потребно?

Зарем не изгледаме доволно среќни вака, па мора да го направиме циркусот познат како свадба за тоа што ќе речат другите?

Зошто да се ставиме себеси на таков, според нас непотребен трошок? Знам дека ми се лутиш можам да ти забележам на лицето, но овие пари кои сега тука се потрошени за да се направи фешта и да се означи дека двајца млади се сакаат, утре на половината нема да им биде грижа за младите, а на другата половина веќе не им е грижа зошто и не ги познаваат.

Некои ќе зборуваат што фалело, некои пак ќе преувеличуваат колку било убаво. За нас двајца, тоа е непотребно.

Би си уплатиле еден одмор некаде на Карибите и би ви пратиле разгледница да знаете дека сме среќни. Мислам дека тоа е најважно.

Ова дете кое расте во утробата на мојата сакана ќе биде среќно и без матичарот и без попот и без целата оваа драма и нервоза.

Колку и да ми е убаво тука што сме собрани на масата, јас никогаш не би направил нешто за да гледам луѓе кои дошле само да донесат подарок еднаков на цената на порцијата, затоа што свадбите се сведоа на тоа и подароци во плико.

Ќе потрошам пари за да ми ги вратите... Зарем тоа не зборува колку гостите се во незгодна ситуација?

Многу се раздрдорив, поентата ми беше, можеш за нас да заиграш оро кога сакаш мила бабичке, насмевни се, дотерај се и ние ќе ти се придружиме. Сè додека сме среќни, немаме потреба од она старомодното, ако нема голема свадба како да не се сакале.

Ние сме среќни и без тоа и не сите треба да следат иста патека, едноставно некои имаат друга замисла за животот колку и да изгледа таа нелогична за другите кои можеби ќе ја поддржат, а најверојатно ќе ја осудат.

Што и да биде запомни, ние се сакаме и те сакаме. Така што немаш никаква причина за грижа!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg