Како да го толкуваме јазикот на емоциите?

Уште од периодот на просветителството, нашата култура силно го поддржуваше ставот дека емоциите се детски, деструктивни и ирационални. Човекот се сметаше за рационално суштество, а разумот и емоциите биле сметани за спротивставени категории. 

Kako da go tolkuvame jazikot na emociite 01

Кога некоја личност ја опишуваме како „емотивна“, најчесто подразбираме дека се работи за нестабилна, ирационална и несигурна личност. Емоциите долго време беа на маргините на психолошките истражувања, но од втората половина на дваесеттиот век во психологијата се случува пресврт.

Се појавуваат нови теории во кои емоциите стануваат важен аспект на човечката психа и моќен извор на психолошки проблеми, но исто така и нешто што во голема мера може да го збогати нашиот внатрешен живот. Знаете ли да го толкувате јазикот на емоциите?

Зборот емоција потекнува од латински збор „emovere“, што значи „да иницира“. Емоциите нè тераат да прифатиме одредена перспектива или визија за нештата.

Оваа емоционална визија најчесто не кореспондира со реалноста, бидејќи постои голема разлика помеѓу она што го мислиме и она што навистина се случува.

Ова е особено точно кога станува збор за силни емоции, како што се љубов или омраза. Кога сме заљубени не сме свесни за недостатоците на таа личност и често ја идеализираме. Нашиот ум, за кој веруваме дека е објективен, всушност е често под силно влијание на нашите емоции.

Сепак, ова влијание е заемно - емоциите и мислите се испреплетуваат меѓусебно, така што е речиси невозможно да се раздвојат. Емоциите стануваат некаков вид на транспортер помеѓу нашите мисли и нашите постапки.

Kako da go tolkuvame jazikot na emociite 02

Емоциите влијаат на нашата визија за реалноста, но и нашето размислување влијае врз емоциите. Размислување за луѓето кои страдаат може да разбуди сочувство и љубов во нас, истовремено игнорирајќи ги негативните емоции како завист, љубомора, омраза.

Емоциите, пред сè, влијаат врз нашите тела. Под нивното влијание се менува изразот на нашето лице, тонот на нашиот глас или движењето.

Под долготрајното влијание на одредени емоционални состојби се јавува цела низа на психосоматски заболувања. На таквите состојби е особено чувствителен стомакот.

Kako da go tolkuvame jazikot na emociite 03

Правилното размислување е способност да се набљудуваме себеси. Тоа значи дека треба да научиме да се набљудуваме објективно, да ги анализираме сопствените мисли, чувства, да знаеме да разликуваме што е добро, а што е лошо, за конечно да можеме да дејствуваме правилно.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg