6 прашања кои не треба да му ги поставите на партнерот (незгодно е, a и може да се скарате)

„Дали најдобриот секс во животот си го имал со мене?“ Најверојатно да, но што ако рече – „Единствен пат имав подобар секс кога имав луда авантура за една ноќ со девојка, на која не ѝ го знам името, додека бев на одмор во Бугарија со другарите“….?

6-prashanja-koi-ne-treba-da-mu-gi-postavite-na-partnerot-nezgodno-e-01.jpg

Искреноста во врската е одлична работа и е дел од една здрава и квалитетна врска, сепак постојат теми кои навистина нема потреба да ги отворате со партнерот.

Некои работи е подобро да останат некажани.

Прашања кои навистина нема потреба да му ги поставувате на партнерот:

„Дали сум убава?“

Со самото тоа што е со вас, сте ја добиле оваа потврда, но и во мал милион други пригоди. Неприродно е на ваков начин да му извлекувате комплимент.

Искрено, смее ли да каже не?

„Дали некогаш ќе ме изневериш?“

Што очекувате да ви одговори – „Не годинава, ама некогаш можеби...“

Прашањето може само да ви создаде неволји, нема потреба од него, доверба мора да изградите природно.

6-prashanja-koi-ne-treba-da-mu-gi-postavite-na-partnerot-nezgodno-e-02.jpg

„Дали најдобриот секс во животот си го имал со мене?“

Најверојатно да, но што ако рече – „Единствен пат имав подобар секс кога имав луда авантура за една ноќ со девојка на која не ѝ го знам името, додека бев на одмор во Бугарија со другарите“.

Некои работи едноставно не може да се споредат, како што е адреналинот од авантурата за една ноќ и сексот со партнер со кој сте 5 години. И едното и другото си имаат свои предности и мани.

„Јас сум ти најважна жена во животот, но со која би ме заменил, ако мораш?“

Го терате да мисли на други жени и да ги анализира. Има ли потреба од тоа?

Интересно е што на крај дури и ќе му се налутите поради одговорот.

„Дали ме сакаш?“

Сигурно веќе ви кажал и ви го покажал и тоа многупати. И вие го сакате него. Па, зошто има потреба од овие бесмислени прашања, наместо директно да му кажете „Те сакам“.

А ако навистина се двоумите дали ве сака, дали сте сигурни дека сте со вистинската личност?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
„Ја изневерувам жена ми 11 години - ќе ви откријам 7 знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерув... Мажот што изневерил почнува да покажува чувство на вина на најразлични начини. М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg