„Кoja e тајната на мојот успешен брак?“

„Во бракот борете се за своите права, не дозволувајте да се гази по вас, но мудро бирајте ги битките...“ Која е вашата филозофија?

kako-uspevam-da-si-go-odrzham-brakot-01.jpg

На Reddit еден корисник ja постави темата: „Мажени жени, кое е непишаното правило за успешен брак?“...

Одговорите откриваат многу мудрости, кои можеби и вам ќе ви помогнат во одржување на врската или бракот на долг рок.

Некои можеби ќе ги прифатите, други осудите, но тоа е сосема нормално затоа што секој има различен пристап кон брачната заедница.

Дел од одговорите:

„Борете се за своите права, не дозволувајте да се гази по вас, но мудро бирајте ги битките. Комуницирајте правилно, давајте комплименти, учете кои се потребите на вашиот партнер и бидете тука за него во тешките мигови.

Кога му е најтешко, направете да му е забавно и да се насмевне, колку што можете повеќе.“

„Бракот е партнерство, а не зависност од некого. Секој треба да си има своја независност, слобода, лични интереси, но и треба да соработувате и да бидете еднакви.

Никогаш не го доживувајте сопругот како непријател.“

kako-uspevam-da-si-go-odrzham-brakot-02.jpg

„Запомнете дека некогаш ќе мора да направите компромиси и да прифатите и работи кои не ви се допаѓаат.

Некогаш ќе мора да прифатите негова лоша навика, се разбира доколку не е деструктивна, затоа што компромисот е подобар отколку 24/7 да се карате за иста работа.“

„Поставете граници на тоа што очекувате од вашиот однос, бракот е тежок и на него треба да се работи секој ден.

Зборувајте за тоа како некои работи направиле да се чувствувате, смејте се заедно и работете искрата никогаш да не исчезне.“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg