8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца

На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активности што може да бидат забавни за најмалите? Кои се најдобрите плажи за семејствата со мали деца?

8-najubavi-plazhi-vo-hrvatska-za-odmor-so-mali-deca-01.jpg

Хрватска може да се пофали со голем број убави плажи, но родителите што одат на одмор со мали деца имаат малку поинакви критериуми од останатите.

За нив е важно на плажата да има природна сенка, водата и морето да бидат чисти, во близина да има активности што би можеле да ги анимираат најмалите.

Хрватскиот весник Večernji list направи список на најдобрите плажи за одмор со мали деца.

Погледнете каде би можеле да одите на одмор во Хрватска, ако патувате со деца:

Пунта Рата, Брела

Плажата сместена на Макарска има кристално чисто море и густа борова шума што ви овозможува доволно природна сенка.

Според Forbes, оваа плажа во 2004-та година беше прогласена за една од најубавите во светот, а сѐ уште е една од омиленините.

Затон, Задар

Оваа плажа е дел од Zaton Holiday Resort, каде има голем број забавни паркови, базени, барови и ресторани.

Песочната плажа ќе им се допадне на најмалите затоа што можат да градат замоци од песок или да се капат во плитките води на морето.

Плажа Вела, Башка, остров Крк

Станува збор за плажа што е долга 1,8km и која има песок и каменчиња.

Оваа плажа е идеална за сите оние што сакаат да имаат активен ден, а има голем број забавни активности, како барови и атрактивни спортски активности.

Краљичина плажа, Нин

Ова е најдолгата плажа во Нин и е долга околу 3km, а своето име го добила по сопругата на хрватскиот крал Томислав, затоа што таа често ја посетувала со семејството.

Плиткото топло море е идеално за најмладите посетители.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg