5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани)

До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачите по 30-тина минути за да стигнете. Но, на крај ќе сфатите дека трудот се исплатил...

5-plazhi-vo-albanija-so-kristalno-chisti-vodi-od-koi-4-se-izolirani-01.jpg

Во последните неколку години Албанија стана една од најпознатите туристички дестинации во регионот, па голем број туристи од кај нас и од соседните земји одлучуваат таму да го поминат летниот одмор.

Ако сте од оние што сакаат денот да го поминат на скриена плажа, без голем метеж и толпа тогаш овие плажи ќе ви се допаднат.

Сместени на најјужниот дел на Албанија, на брегот на Јонското Море, во близина на грчкиот остров Крф, овие плажи освојуваат со кристално бистрите води, а не се премногу познати и посетени.

Кои пет скриени плажи вреди да се посетат?

Gjipe Beach, помеѓу Химера и Дерми

Оваа плажа важи за една од најубавите во Албанија и е сместена во канјонот Gjipe помеѓу градовите Химера и Дерми.

Плажата е оддалечена околу 14km (25 минути возење со автомобил) од Химера, или 7km од Дерми (12 минути возење).

Со автомобил се пристигнува сѐ до големиот паркинг простор на плажата, а потоа се пешачи уште 30-тина минути за да стигнете до неа.

Друга опција е до плажата да стигнете и со такси на вода.

Иако звучи дека е потребно да се вложи голем напор за да се стигне до оваа плажа, кристално чистата вода и изолираноста ја прават Gjipe Beach омилено место за сите оние што сакаат да побегнат од гужва и туристички замки.

Pasqyra Beach, Саранда

Името на оваа плажа означува „огледало“ на албански јазик, заради проѕирните води во кои се огледува целата околина.

Плажата се наоѓа во јужниот дел на Албанија, а e сместена помеѓу Ксамил и Саранда.

До неа може да се стигне со автобус од Саранда, кој тргнува на секој час, а потоа е потребно да пешачите 15-тина минути по удолница.

Станува збор за плажа која е изолирана со карпи и ако стигнете порано ќе можете да си обезбедите приватност, но имајте предвид дека ова е една од омилените плажи и на локалното население.

Има ресторан и бар, можете да изнајмите и лежалка со чадор, но можете да си понесете и сами пешкир и чадор.

Krorëza Beach, Саранда

Оваа плажа е целосно изолирана со карпи од сите три страни, а до неа може да се стигне само со мали бротчиња или со пиратските бродови што тргнуваат од Саранда.

Важи за една од најнеуништените плажи во Албанија, па затоа многумина уживаат да ја посетат.

Drymades Beach, Дерми

Ова е можеби најпопуларната плажа во Албанија, а ги примамува посетителите со златниот песок и кристално чистите води.

Популарна е и затоа што е лесно пристапна, односно до неа води и асфалтиран пат, има голем број погодности и локали за туристите.

Porto Palermo Beach, Химера

Оваа плажа се наоѓа помеѓу селата Химера и Кепаро, а најпозната е по замокот на Али Паша Porto Palermo.

Станува збор за плажа која сѐ уште не е целосно урбанизирана, но е одлична доколку сакате да побегнете од гужвите и да уживате во кристално чистите води на Јонското Море.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg