Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода

Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќе ве воодушеви рајската убавина на оваа скриена плажа со совршено тиркизно море и кристално чиста вода, што ќе ви ги наполни очите со убавина. Која е оваа плажа во Хрватска и како се стига до неа?

plazha-vo-hrvatska-e-vistinski-skrien-raj-dlaboko-vo-karpi-so-beskonechno-sinilo-i-bistra-voda-01.jpg

Хрватска изобилува со прекрасни диви плажи со тиркизно море и бистра вода во која веднаш ќе посакате да нурнете.

Но, има една плажа за која не се зборува доволно колку што заслужува, но токму затоа е уште совршена.

Овој пат ве носиме на Истра, до местото Бршец, каде под камениот град, во карпа, е скриена плажата Кланчац.

Бршац е место со камени куќи, мирис на рузмарин во воздухот, мир кој само птиците го прекинуваат, а под него е најубавата плажа за која не ви е потребен филтер бидејќи е нереална дури и во живо.

Не постојат зборови кои можат доволно да ја опишат убавината на оваа плажа, посебно на морето, кое мора да го доживеете на сопствена кожа и да запливате во овие тиркизни води.

Бршац се наоѓа на 20-тина минути возење од Опатија, а за да стигнете до плажата ќе треба малку да се помачите – но дефинитивно вреди.

За да се спуштите до долу, треба да поминете низ малку стрмен пат, па најдобро е да носите удобни патики, но и вода.

Оние кои нема да се откажат, нема да зажалат кога ќе ја доживеат оваа убавина:

 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Србин се жали - кога ќе ја послушаш жена ти да отидеш во Париз во лето на 40˚C, наместо на море: „По... „Како ми е во Париз среде лето?! Супер, гледаш дека сум како луд. Наместо да ода...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава