5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет

Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата медитеранска дестинација за оваа пролет?

pet-destinacii-na-mediteranot-koi-se-odlichni-za-begstvo-od-realnosta-na-prolet-01.jpg

Живописните дестинации, античката историја, извонредната кујна и пејзажите го прават Медитеранот една од најпосакуваните дестинации за патување.

Старите Римјани го нарекувале Медитеранот „центар на Земјата“.

Медитеранските места се одлични дестинации за одмор, без оглед дали ќе одлучите да ги посетите пред или во екот на сезоната.

На овие места со сигурност ќе доживеете посебно чувство на хедонизам, што му е потребно секому барем еднаш годишно.

Пет дестинации што се одлични во пролет:

Санторини

Многу е тешко со зборови да се опише убавината на Санторини. Едно од старите имиња на островот е Калиште, што значи „најубав“.

Стрмните бели карпи се спуштаат во темните води на морето, при што се создава контраст каков нема да видите на ниту едно друго место.

Чинкве Тере

Чинкве Тере е збир од пет рибарски села, долж италијанската ривиера.

Пастелни куќички поставени една врз друга, море, бујна зелена планина... речиси е невозможно да се опише колку е убаво овде. 

Небото се менува од светло сино, преку нежно розево до длабоко индиго сино.  Каде и да се свртите е прекрасно.

Морските плодови се нешто што задолжително мора да се проба овде. Инчуните се деликатес во овој регион уште од римско време.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg