7 најубави плажи на атинската ривиера во Грција – спој на луксуз, идилична атмосфера и чисто море
Astir Beach е за оние кои сакаат луксузно бегство покрај море со сини води и елитна клиентела, Glyfada е пристапна за секого, Sounio нуди глетка кон храмот на Посејдон, а за плажата Vouliagmeni треба да платите влез - издвојуваме најубави плажи околу Атина.

Брегот на Атина има да понуди многу плажи и заливи, секоја од нив убава на свој начин, со свој шарм и карактеристики.
Атинската ривиера не е многу популарна кај нас, но има многу кои сакаат да го истражат овој дел од Грција во летниот период, посебно оние кои сакаат луксуз.
Овој дел е одличен спој на луксузни бич барови во кои уживаат луѓето кои живеат на висока нога, но и опуштеност за оние кои сакаат природа додека се сончаат на ситен песок и се бањаат во кристално чисто море.
За CN Traveller, грчки експерт споделува кои се најубавите плажи во околината на Атина, а во продолжение издвојуваме дел од нив:
Пред да посетите која било од плажите, распрашајте се добро, бидејќи за дел од нив се наплаќа и влез, а цената секако зависи и од сезоната.
Astir Beach, Vouliagmeni
Ако барате луксузно бегство покрај море, со сини води и волшебни зајдисонца, но и елитна клиентела која го посетува овој клуб на плажа уште од 60-тите години.
Akti Vouliagmeni Beach
Атињаните го обожаваат ова место во летните денови веќе со децении, плажата е исполнета со лежалки, се нуди мени од салати до суши, како и многу спортски активности покрај море од утро до вечер, но задолжително се наплаќа влез, со цени кои почнуваат од 10 евра.

Glyfada Beach B
Плажа која се протега низ едно од побогатите и луксузните предградија на Атина, Глифада, има бројни ресторани и барови, а е направена целосно пристапна за инвалиди, бремени жени, постари луѓе и луѓе на кои им е потребна поддршка за движење.

Artemidos Beach
Позната и како Loutsa Beach, оваа песочна плажа е долга 3km, има чисто море, а привлекува семејства со деца, но и сурфери и љубители на водни спортови заради (понекогаш силните) ветрови.
