10 градови во светот во кои треба да се напиете кафе

Различни начини на подготовка, сервирање, печење на кафето се само дел од деталите кои влијаат на вкусот на оваа омилена напивка.

10-gradovi-vo-svetot-vo-koi-treba-da-se-napiete-kafe-01

Денес ви презентираме листа од 10 места низ целиот свет, каде кафето навистина се почитува на уникатен и вкусен начин.

Каде и да сте низ светот, ако поминувате низ некои од овие градови, задолжително напијте се кафе:

1. Виена, Австрија. Многу градови се горди на својата кафе култура, но само Виена може да се пофали дека го има овој статус според УНЕСКО. Со повеќе од 20 типови на кафе, келнерите трпеливо ќе почекаат да го направите вистинскиот избор.

Пробајте го кафето во: Cafe Central и Cafe Landtmann.

2. Сиетл, САД. Градот кој не може да се пофали со многу сончеви денови, па кафето е можеби единствена светлина во текот на денот. Според Travel&Leisure Сиетл се најде на врвот на листата за најдобри градови за кафе во САД. Градот е и прогласен за најкофеински град во САД.

Пробајте го кафето во Zoka и Caffe Vita.

3. Хавана, Куба. Витален дел од секој ден, слатко уживање во кубанското кафе, еспресо со млеко за утрата...Да се пие кафе во Хавана значи да се биде дел од ритамот на градот.

Пробајте го кафето во Cafe El Escorial и Cafe de las Infusiones.

4. Мелбурн, Австралија. Можеби патот до Мелбурн е долг за да се напиете кафе, но се’ повеќе и повеќе луѓе го нарекуваат најдобар град за кафе. Долга историја во подготовка на кафето и техники за добивање на совршен вкус го карактеризира овој град.

Пробајте го кафето во Seven Seeds и Proud Mary.

5. Лисабон, Португалија. Луѓето стануваат сериозно поетични кога станува збор за кафето во Лисабон. Неодоливата комбинација на кафе културата и фантастична шолја кафе навистина можат да му го направат ова на секој љубител на оваа напивка. Нарачајте „bica“ – кафе кое е подолго од еспресо и чии зрна се печени на традиционален начин за да се добие специфичен вкус.

Пробајте го кафето во Cafe A Brasileira и Miradouro de Sao Pedro de Alcantara, или било каде во оваа околина.

10-gradovi-vo-svetot-vo-koi-treba-da-se-napiete-kafe-02

6. Портланд, Орегон. Втор на листата на најдобри кафе- градови во САД е Портланд. Го нарекуваат „место каде луѓето уживаат да разговараат за вкусовите на кафето“. Овде продавачите покажуваат вистинска пасија кон кафето.

Пробајте кафе во Coava и Water Avenue.

7. Осло, Норвешка. Од Скандинавските земји, Осло е град кој ќе ве пречека со најдобро кафе. Необичен вкус на кој лесно можете да се навикнете. 

Пробајте кафе во  Tim Wendelboe или Mocca Kaffebar & Brenneri.

8. Сао Паоло, Бразил. Факт: Бразил произведува речиси 40% од кафето во светот. Силното влијание на културата го прави овој град навистина горд сопственик на вкусно кафе.

Напијте се кафе во Coffee Lab и Cafe Floresta.

9. Ванкувер, Канада. Безброј кафулиња и типови на кафе. Вистински фанатици уживаат во секоја голтка. Најдобар начин да откриете некои од најдобрите делови на градот е да направите потрага по местата каде можете да вкусите навистина добро кафе.

Пробајте го кафето во  Forty Ninth Parallel и  Revolver.

10. Тајпеј, Тајван. Верувале или не, кафето е дел од Тајванското национално наследство. Свежо печени зрна и методи на подготовка водат до генијално добро кафе.

Пробајте го кафето во Fong Da и  Barden Farmstead.

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg