Европски градови кои треба да ги посетите во друштво

Повеќето од нас обожаваат да патуваат и се одлучуваат за пакување на куферите кога и да имаат малку повеќе слободно време и финансии. Кога веќе ќе дојдете до изборот на дестинација, ние ви предлагаме неколку градови кои морате да ги посетите исклучиво со вашите пријатели.

evropski-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-drustvo-01

Амстердам

Она што се пропагира во овој град и воопшто во цела Холандија е толерантноста. Тука се толерира проституцијата, можноста за користење на лесни дроги, но и хомосексуалноста. Кога младите слушаат за овие можности автоматски толеранцијата ја преведуваат како анархија, што е сосема погрешно. Покрај овие активности со по малку лоши последици, Амстердам може да ви понуди многу музеи, трговски центри и кафулиња во кои ќе уживате. Исто така, главната железничка станица изгледа прекрасно, како и целата архитектура на овој град.

evropski-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-drustvo-1


Рим

Ако се одлучите за патување во друштво, Италија секако мора да ја имате како опција. Рим е дестинација која долго ќе ја запаметите. Тестенините, еспресото и модата се само некои од причините зошто би требало да го изберете Рим. Покрај тоа, Италија има да понуди уште голем број на историски знаменитости.

evropski-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-drustvo-2


Барселона

Ве упатуваме малку југозападно, бидејќи таму се наоѓа Шпанија на која никој никогаш не одолеал. Доколку се најдете во Барселона разгледајте сè што ќе имате шанса. Уживајте во шпанската музика и одличната сангрија.

evropski-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-drustvo-3


Прага

Овај милионски град е музеј на различните видови на архитектура. Прага има поразлична градба од било кој друг град, па затоа ќе имате можност да видите сè на едно место. Не заборавајте да уживате со кригла добро чешко Старопрамен.

evropski-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-drustvo-4


Рејкјавик

Ако сте имуни на зимата, одлучете се за посета на Рејкјавик. Овој град е главен и најголем град во Исланд, а воедно и најсеверниот град во светот. Не се штедете поради ниските температури затоа што верувајте дека има што да видите.

evropski-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-drustvo-5

Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg