Работете додека патувате!

Како да работите додека патувате, односно да патувате додека работите? Ова е прашање што си го поставуваат сите кои сакаат да го видат светот...




... a не можат да си дозволат само да го чекаат периодот за летен одмор. Еве ги професиите што ќе ви го овозможат токму тоа. Одберете си една и со среќа!

Патување
Секако очигледниот избор е целата туристичка индустрија. Од стјуардеси и пилоти до вработување на брод за крстарења, па и пишувач на патеписни репортажи. Изберете го оној дел што ќе ви биде најлесно да го совладате и што секако, се согласува со вашите желби.
rabotite-dodeka-patuvate1
Консултанти
Консултантите ги решаваат проблемите снабдувајќи ги компаниите со експертски совети за се` од менаџмент и маркетинг до IT. На ова место нема да бидете врзани со една фирма, туку ќе можете да патувате од еден во друг град, посетувајќи ги претставништвата на кои им треба ваша помош. Во зависност од потребната поддршка ваквите посети можат да бидат кратки или долгорочни.


Регрутирање
На оваа позиција, без разлика дали работите за некоја компанија или за спортски тим, ќе патувате низ целата држава за да ги откриете новите таленти. Доколку воопшто најдете компанија која бара вакви услуги ќе бидете вистински среќници бидејќи дел од годината многу ќе патувате и заработувате, а дел ќе се одморате во очекување на новата сезона на регрутирање.

Предавање странски јазик
Ова може да го работите и во Македонија и во странство. Овде не може да направите многу куси патувања, но би било интересно една година да работите во странство и да предавате македонски или друг јазик што го имате совладано. Контактирајте со приватни училишта од држави кои сакате да ги посетите и можеби ќе ви се посреќи!

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg