Централ Парк - оаза во Њујорк

central-park-zelena-oaza-vo-siviot-njujork-povekjeСо 8,4 милиони жители и густина на населеност од 10.500 луѓе на километар квадратен, Њујорк навистина е метропола која никогаш не спие. Низ улиците на Менхетен...

 

...секојдневно поминуваат околу 12.000 таксисти и еднаков број на лични автомобили кои покрај метежот, создаваат бука и облак од смог над градот.

Жителите на Њујорк спас од бетонот и градското лудило наоѓаат во зелената оаза која импресивна стои во самиот центар на Менхетен.

Централ Парк се простира на површина од 342 хектари и со право го носи името „белите дробови на Њујорк“. Сместен е на градско земјиште кое во 2005 година е проценето на неверојатни $528.783.552.000 долари.

Идејата за големиот парк е да биде место каде жителите ќе можат да најдат мир и рекреација. Инспирацијата ја добил Andrew Jackson Downing, а веќе во 1848 година архитектот Calvert Vaux со своите нацрти го добил градскиот натпревар.

Паркот бил завршен 15 години подоцна, иако њујорчаните сметаат дека паркот никогаш не е потполно довршен затоа што некои делови редовно се реконструираат.

Централ Парк на посетителите (околу 25 милиони годишно) им нуди пространи ливади на кои се одржуваат концерти, можности за пикник и спортски активности, уредни патеки за прошетка и џогирање (вкупно 93km пешачка стаза), рибници, езера, 35 мостови и зоолошка градина.

Паркот е посебно значаен за животните кои во градот немаат природен животен простор. Имено, најголемиот дел од површината на Њујорк е под беон, а околу 5.500 згради имаат повеќе од 12 ката.

Зоолошката градина е изградена во 1870 година, и во неа се сместени околу 300 животни. Во паркот има посадено преку 26.000 стебла и поставени се преку 9.000 клупи.

central-park-zelena-oaza-vo-siviot-njujork-1

central-park-zelena-oaza-vo-siviot-njujork-2

central-park-zelena-oaza-vo-siviot-njujork-3

central-park-zelena-oaza-vo-siviot-njujork-4

central-park-zelena-oaza-vo-siviot-njujork-5

central-park-zelena-oaza-vo-siviot-njujork-6

Би можело да ве интересира:

Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори) Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
9 работи без кои стјуардесите не тргнуваат на пат (а не треба ниту вие) Чевлите за во авион им се секогаш затворени за добро да ја држат ногата. Секогаш...
Мрачната страна на крстарењата: Девојка доловува застрашувачки сцени од крузер (видео) „Ова е нешто што мора да го знаете за крстарењето во февруари“, вели девојка од ...
Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални изво... Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg