Вие прашувате, психолог одговара: „Син ми (3) не сака да оди во градинка – постојано плаче“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-sin-mi-ima-3-godini-i-ne-saka-da-odi-vo-gradinka-postojano-plache-nikako-ne-mozheme-da-go-adaptirame-01.jpg

Прашање од читател:

„Син ми има 3 години и никако не сака да оди во градинка. Постојано плаче, не престанува, никако не можеме да го адаптираме…“

Одговор од психолог, Катерина Крстевска Ристески:

Во овој период децата го истражуваат и запознаваат светот преку игра. Играта исто така е важна за развојот на фантазијата која ни помага да изнаоѓаме креативни решенија за проблемите со кои се соочуваме низ животот.

Направете го одењето во градинка како дел од таа игра. Смислете приказна која наликува на некоја авантура.

Вклучете ликови и предмети кои ги сака: омилена играчка, омилен карактер, активност која ја сака и со задоволство ја прави секојпат кога ќе го побарате тоа од него. Вклучете го развојот на приказната.

Поставете цели за тоа што треба да се случува тој ден и наградете го успешно остварување на нив. Поддржете го кога нема да ги исполни целите и потсетете го дека следниот ден има можност да го направи тоа.

Имајте на ум дека овие цели треба да бидат забавни за вашето дете и треба да сака да ги оствари.

Разговарајте со детето, прашајте го дали можеби се случило нешто поради кое не сака да оди во градинка, дали се случило нешто што не му се допаѓа или го вознемирило.

Консултирајте се со стручниот тим во градинка и побарајте нивна помош и поддршка во целиот процес.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Катерина Крстевска Ристески, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg