Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар?

Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја одржувате кожата сува. Секогаш кога е можно, оставете го бебето да помине одреден период без пелена.

pelenski-osip-kako-se-tretira-i-koga-da-go-nosite-deteto-na-lekar01.jpg

Пеленскиот осип е честа состојба на кожата кај бебињата. Вообичаено, осипот се должи на иритација предизвикана од пелената и влажност, но може да постојат и други причини.

Kако да го препознаете пеленскиот осип и кога треба да се обратите кај вашиот лекар?

Кои се знаците на пеленски осип кај бебе?

Повеќето пеленски осипи се предизвикани од иритација на кожата од контакт со урина, измет и пот.

Понекогаш бебињата може да добијат осип поради алергија на одреден вид пелени, сапуни, влажни марамчиња...

Знаците на пеленски осип предизвикан од иритација или алергија, вклучуваат:

  • Болка
  • Црвенило на кожата во пеленскиот предел
  • Лупење на кожата
  • Сува кожа

Ако осипот се должи на инфекција, може да забележите:

  • Црвени испакнатини
  • Плускавици или отворени рани
  • Рани исполнети со гној
  • Течност што истекува од црвените области

pelenski-osip-kaj-bebe-koi-se-znacite-kako-da-go-tretirate-i-vo-koi-sluchai-da-pobarate-lekarska-pomosh-02.jpg

Што треба да правите ако вашето бебе има пеленски осип?

Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја одржувате кожата сува. Секогаш кога е можно, оставете го бебето да помине одреден период без пелена.

Ставете го во креветче со водоотпорна покривка или, пак, на крпа на подот.

Често проверувајте ја пелената, па веднаш менувајте ја кога ќе забележите дека е влажна или извалкана.

Притоа, со секоја промена на пелената, нежно измијте ја кожата не бебето со млака вода.

Кога бебето има пеленски осип, колку што е можно повеќе избегнувајте сапуни и влажни марамчиња, кои може да ја иритираат болната кожа.

Оставете ја кожата целосно да се исуши, а потоа нанесете крем што содржи цинк оксид.

pelenski-osip-kaj-bebe-koi-se-znacite-kako-da-go-tretirate-i-vo-koi-sluchai-da-pobarate-lekarska-pomosh-03.jpg

Кога треба да се обратите на лекар?

Пеленскиот осип најчесто се третира во домашни услови, но постојат и одредени знаци кои покажуваат дека треба да се обратите на лекар.

На што да обрнете особено внимание:

  • Осипот не се подобрува по неколку дена третирање
  • Во пределот на пеленската област има плускавици или отворени рани
  • Бебето има дијареја со треска и изгледа дехидрирано
  • Од осипот излегува гној
  • Бебето изгледа малаксано
  • Бебето има температура од 38°C или повисока

pelenski-osip-kaj-bebe-koi-se-znacite-kako-da-go-tretirate-i-vo-koi-sluchai-da-pobarate-lekarska-pomosh-05.jpg

Како да спречите појава на пеленски осип?

Најдобриот начин да спречите појава на пеленски осип кај вашето бебе е да ја одржувате кожата колку што е можно почиста и посува. Често менувајте ја пелената, за кожата да не се иритира од урината или изметот.

Исто така, при секоја промена на пелената користете соодветна маст, а настојувајте да користите и влажни марамчиња кои се на база на вода и без дополнителни мириси.

Секако, кожата на бебињата е многу нежна, па ако нешто дополнително ве загрижува, секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот лекар.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg