Блендирано овошје vs. цеден сок – што е поздраво?

Во некои ситуации цедените сокови може да имаат предност, во зависност од вашата здравствена состојба. 

blendirano-ovoshje-vs-ovoshen-sok-shto-e-pozdravo-01.jpg

Честопати ни се препорачува да пиеме цедени сокови од овошје и зеленчук и смути за добро здравје.

Но, дали сте се запрашале која од овие две опции е подобра за вашето здравје?

Во сокот ги имате екстрактите, а во смути се консумира цело овошје.

Но, што е похранливо?

Цедење

При цедењето на сокот од овошјето и зеленчукот, се фрлаат хранливите влакна во нив.

Витамините и хранливите материи ги консумирате во поконцтрирана форма.

Но, понекогаш, некои од овошјата имаат повеќе шеќери од купените сокови од продавница.

glass-pitcher-juice-with-fresh-orange-fruits-stone-table_114579-blendirano-ovoshje-nasproti-ovoshen-sok-shto-e-podobro-za-vasheto-zdravje-02.jpg

Блендирање

Кога ги блендирате овошјето и зеленчукот, сите задржани хранливи влакна го прават процесот на варење многу здрав.

Содржат и антиоксиданти и повеќе заситуваат. Од оваа причина, многу луѓе претпочитаат смути наместо сокови.

blendirano-ovoshje-nasproti-ovoshen-sok-shto-e-podobro-za-vasheto-zdravje-04.jpg

Хранливи влакна

Цедените сокови имаат недостаток на влакна и тоа е негативност затоа што хранливите влакна го подобруваат варењето.

Сепак, некои состојки како моркови или јаболка имаат растворливи влакна кои добро се раствораат во вода, така што помагаат во процесот на варење, а исто така го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Хранливите влакна подобро се искористуваат во смути и се одлични за стимулирање на цревата и за нивно активирање.

Хранливи материи

Соковите содржат повеќе хранливи материи во концентрирана форма и лесно се апсорбираат.

Голем дел од потребните минерали и витамини присутни во овошјето и зеленчукот се екстрахираат во со сок.

blendirano-ovoshje-nasproti-ovoshen-sok-shto-e-podobro-za-vasheto-zdravje-03.jpg

Варење

Што се однесува до варењето, дали е подобро цедени сокови или смути, зависи од вашата здравствена состојба.

Одредени болести бараат диети со малку остатоци и ниски хранливи влакна и тука цедењето сокови има предност.

Луѓето кои постат исто така претпочитаат сокови бидејќи хранливите влакна им го нарушуваат варењето.

Ситост

Соковите хидрираат, но не го заситуваат вашиот глад, додека смутијата имаат хранливи влакна и се совршени за заситување и контролирање на желбата за посегнување по храна.

Сепак, многумина од експертите препорачуваат да го консумирате целото овошје, а не нивните течни форми.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност... Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg