Кои се симптомите на цистит и можете ли да се лекувате сами?

Ако имате благи симптоми кои траат ден-два, можно е воспалението да помине само. Но, ако симптомите не поминуваат или стануваат поизразени, одете на лекар бидејќи циститот може да предизвика и инфекција на бубрезите.

koi-se-simptomite-na-cistit-i-mozhete-li-da-se-lekuvate-sami-01_copy.jpg

Воспалението на мочниот меур, најчесто предизвикано од уринарна инфекција е познато како цистит.

Ова е често заболување, особено кај жените и предизвикува непријатни симптоми, а во некои случаи може да биде и опасно.

Па, важно е да можете да го препознаете, но и да го го спречите.

Што се инфекции на уринарниот систем?

Уринарниот тракт, или систем, е дел од организмот кој е одговорен за исфрлање на вишокот течност од крвта, односно нејзино филтрирање.

Инфекциите на овој систем се честа појава и можат да ги зафатат мочниот меур, бубрезите и мочниот канал.

Обично уринарниот систем не се „заразува“ од бактериите во урината, но некогаш тие завршуваат внатре и предизвикуваат инфекции.

Некогаш, инфекцијата се и од надворешни бактерии – на пример, можно е да се допрете со валкани раце.

Ако не се лекуваат, некогаш уринарните инфекции може да предизвикаат воспаление, вклучувајќи и цистит.

koi-se-simptomite-na-cistit-i-mozhete-li-da-se-lekuvate-sami-02_copy.JPG

Што е цистит?

Цистит е воспаление на мочниот меур кое најчесто е предизвикано од уринарна инфекција.

Кај поблагите случаи, воспалението може да помине без третман, за неколку дена.

Но, постои можност циститот да води до инфекција на бубрезите, па не е препорачливо да се игнорира.

Истовремено, некои луѓе, од разни причини, може често да се соочуваат со воспалението и во тој случај ќе им треба подолготраен третман.

koi-se-simptomite-na-cistit-i-mozhete-li-da-se-lekuvate-sami-05_copy.JPG

Кои се симптомите на цистит?

Симптомит е на цистит се слични со оние на уринарна инфекција, но можат да бидат поизразени.

Дел од најчестите вклучуваат:

  • Печење или болка за време на мокрење
  • Зачестена потреба за тоалет
  • Урина која е маглива, со потемна боја или со силен мирис
  • Болка во долниот дел од стомакот
  • Чувство на замор

Кај мали деца, можат да се јават и симптоми како треска, намален апетит и повраќање.

koi-se-simptomite-na-cistit-i-mozhete-li-da-se-lekuvate-sami-03_copy.jpg

Покрај уринарни инфекции, што друго предизвикува цистит?

Во некои случаи, воспалението може да биде предизвикан од:

  • Секс
  • Неправилно бришење по одење во тоалет, односно од назад кон напред (особено кај жени)
  • Ставање тампон (обично со нечисти раце)

Цистит е почеста појава кај жените бидејќи аналниот отвор и мочниот канал се поставени поблизу.

Ова значи дека бактериите од аналниот отвор можат полесно да завршат во мочниот канал.

koi-se-simptomite-na-cistit-i-mozhete-li-da-se-lekuvate-sami-04_copy.JPG

Како се третира воспалението и кога треба да одите на лекар?

Ако имате многу благи симптоми, додека да поминат, пијте повеќе вода и избегнувајте сексуални односи.

Но, ако симптомите не поминат за ден-два или се засилуваат, тогаш задолжително одете на лекар.

Бидејќи станува збор за бактериска инфекција, можно е да ви бидат препишани антибиотици.

За понатамошно лекување, секогаш слушајте ги препораките на лекарот.

koi-se-simptomite-na-cistit-i-mozhete-li-da-se-lekuvate-sami.JPG

Како да го намалите ризикот од цистит?

Ако често се соочувате со оваа појава, вашиот лекар ќе ви помогне да ја утврдите причината.

Притоа, можете и сами да преземете нешто:

  • Користете нежни шампони и сапуни за гениталиите
  • Избегнувајте седење во када
  • Не се воздржувајте кога ви се оди во тоалет и секогаш целосно празнете го мочниот меур
  • Пијте доволно вода
  • Кога одите во тоалет, секогаш бришете се од напред кон назад
  • Носете долна облека од памук и избегнувајте многу тесни панталони

Постои верување и дека сокот или чајот од брусница го намалуваат ризикот од цистит и уринарни инфекции воопшто, но засега нема доволно истражувања што го потврдуваат ова.

Слободно пијте сок од брусница ако сметате дека ви годи, но немојте да го користите како лек за цистит.

koi-se-simptomite-na-cistit-i-mozhete-li-da-se-lekuvate-sami-07_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg