Проблеми со стомакот кои можат да бидат знак за некое заболување

Силната и нагла болка во долниот десен дел од стомакот може да биде знак за воспалено слепо црево.

problemi-so-stomakot-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-nekoe-zaboluvanje-01.jpg

Најчесто болката во стомакот е предизвикана од храната што сме ја јаделе.

Некои намирници создаваат повеќе гасови или киселини, а некогаш и прејадувањето може да биде причина за болка.

Но, ако често чувствувате болка во одреден дел од стомакот, без разлика што и колку јадете, тогаш можеби станува збор и за здравствен проблем.

Секако, не треба сами да си поставувате дијагнози, туку следете ги вашите симптоми и ако ви се чини дека нешто не е во ред, одете на лекар.

Проблеми со стомакот кои можат да бидат симптом за некое заболување:

Болка во горниот дел од стомакот

Ако имате болка во горниот дел од стомакот, а притоа чувствувате и подуеност, тогаш најверојатно имате гасови.

Гасовите може да се создадат ако јадете брзо и голтате и воздух со секој залак.

Исто така, постојат и намирници кои можат да предизвикаат гас, како грав, брокула или газирани пијалаци.

Ако често го имате овој проблем, најдобро е да избегнувате храна што ве подува и јадете побавно, односно добро џвакајте го секој залак.

problemi-so-stomakot-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-nekoe-zaboluvanje-02.JPG

Болка во горниот дел од стомакот, под градите

Вo овој случај најверојатно станува збор за киселини.

Ако имате киселини, може да почувствувате и горење во областа на грлото, а некогаш и кисел вкус во устата.

Постојат многу намирници кои создаваат киселини, особено кај луѓе со почувствителен стомак. Истовремено, и прејадувањето може да ви предизвика киселини.

За да ги избегнете, обрнете внимание дали некоја храна ви предизвикува киселини, како многу зачинета или мрсна храна.

Пробајте и да јадете помали оброци, повеќепати во текот на денот, за да ја олесните дигестијата.

problemi-so-stomakot-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-nekoe-zaboluvanje-03.JPG

Силна и остра болка во горниот дел од стомакот

Ако чувствувате многу силна болка која не е предизвикана од јадење, тогаш можеби имате оштетување на желудникот, односно чир.

Обично овој здравствен проблем е придружен и со други симптоми, како промени во апетитот, гадење, повраќање…

Чирот на желудник може да биде предизвикан од пиење антивоспалителни лекови, како аспирин, пиење многу алкохол, но и инфекција со бактеријата хеликобактер пилори.

Ако се сомневате дека имате чир на желудникот, важно е да се консултирате со лекар кој ќе ви даде соодветна терапија.

За да го намалите ризикот од оваа појава немојте често да пиете лекови како аспирин, освен ако не ви се препорачани од лекар.

Намалете го внесот на алкохол, хранете се здраво и мијте ги рацете пред секое јадење за да избегнете зараза со бактерии.

problemi-so-stomakot-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-nekoe-zaboluvanje-04.JPG

Болка во долниот дел од стомакот

Ако често чувствувате болка во долниот дел од стомакот по оброк, можеби имате таканаречен синдром на нервозно црево.

Обично болката е придружена со дијареја или констипација.

Не е познато што точно го предизвикува овој синдром, но со соодветна терапија и исхрана, може да се контролира.

Па, ако често ги чувствувате овие симптоми, консултирајте се со лекар.

problemi-so-stomakot-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-nekoe-zaboluvanje-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg