Навики од кои треба да се ослободите – ви ја влошуваат анксиозноста

Бегате од проблемите, а со ова не престанувате да мислите на нив, туку се грижите уште повеќе и станувате уште поанксиозни.

6-naviki-od-koi-treba-da-se-oslobodite-vi-ja-vloshuvaat-anksioznosta-01.jpg

Во модерното општество, ретки се оние кои не почувствувале анксиозност.

А, постојат и навики и однесувања со кои само го влошувате ова чувство.

Ако анксиозноста ви е пречка во секојдневието, важно е да се консултирате со експерт.

Истовремено, внимавајте да не ги правите следните работи:

Размислувате „црно-бело“

Со овој начин на размислување, се убедувате дека работите можат да бидат или само добри или само лоши и целосно ја игнорирате „сивата“ реалност.

На пример, ако направите мала грешка, мислите дека сте неспособни и дека другите ве гледаат така.

Заборавате дека сите луѓе грешат и дека тоа не ве прави лоша личност.

Ваквиот начин на размислување не ви дозволува да ја видите позитивната страна во животот и само ја храни вашата анксиозност.

Избегнувате проблеми

Анксиозноста само ќе ви се влоши ако упорно избегнувате ситуации, места или луѓе кои прават да се чувствувате анксиозно.

На овој начин вие само бегате од проблемот и не му барате решение.

Со избегнувањето почнувате бескраен циклус бидејќи кога бегате од проблемот, вие не го заборавате и постојано мислите на него.

Резултат на ова е, секако, уште поголема анксиозност.

6-naviki-od-koi-treba-da-se-oslobodite-vi-ja-vloshuvaat-anksioznosta-03.jpg

Постојно барате уверување

Ако постојано барате уверување или признание од другите, воопшто не си помагате.

Уверувањето може да ви помогне краткорочно, но наскоро неговиот ефект ќе се изгуби и вие повторно ќе се чувствувате лошо.

Пробајте максимално да го избегнувате и повеќе фокусирајте се на она што можете да го направите, а не што другите ќе ви кажат или што мислат за вас.

Се фокусирате на најлошото можно сценарио

Многу е мала веројатноста да се случи најлошото можно сценарио, без разлика во каква ситуација сте.

Но, кога постојано размислувате за тоа и очекувате катастрофа, ќе бидете уште поанксиозни.

Ќе почнете да се грижите и да се плашите за нешто што воопшто не се случило и веројатно нема ни да се случи.

Кога ќе забележите дека го правите ова, пробајте да си кажете дека шансите да се случи најлошото нешто се многу, многу мали.

6-naviki-od-koi-treba-da-se-oslobodite-vi-ja-vloshuvaat-anksioznosta02.jpg

Зборувате негативно за себе

Без разлика дали пред други или само во вашите мисли, кога зборувате негативно за себе, нормално дека ќе се фокусирате само на лошите работи.

Со ова не си дозволувате да ги согледате вашите квалитети и вашата анксиозност само ќе расте.

Точно е дека не сте совршени, но ова важи и за буквално сите луѓе на светот.

Престанете да се фокусирате на маните и повеќе фокусирајте се на тоа како можете да станете подобра верзија од себе.

Постојано пробувате да им удоволите на другите

И ова е однесување кое може да ви ја влоши анксиозноста.

Кога ги ставате туѓите потреби и желби пред вашите и никогаш не се фокусирате на себе, ќе се чувствувате лошо.

На овој начин се запоставувате и воопшто не си помагате.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Како да ги избегнете проблемите со колената (што ги имаат скоро сите)? Немојте нагло да почнувате со вежбање по долг период на неактивност и ако чувств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg