Вие прашувате, психолог одговара: „Сите во семејството само ме критикуваат, посакувам да си заминам“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-site-vo-semejstvoto-samo-me-kritikuvaat-posakuvam-da-si-zaminam-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Постојано се соочувам со критики од најблиските, ми велат дека сè правам погрешно, ништо не им е доволно добро, само ме прекоруваат и критикуваат.

Дури и кога ќе направам нешто добро, тоа поминува незабележано. Брат ми е друга приказна – тој е миленикот дома, секогаш ставен на пиедестал.

Понекогаш помислувам да си заминам и да се откажам од семејството, дека ќе имам подобар живот ако сум подалеку од нив… Што ми советувате?“

Одговор од психолог Величе Ристова:

Градењето однос со семејството е обостран процес, каде подеднакво сте вклучени вие и вашите родители. Како тие ќе се однесуваат со вас, не зависи само од нив, туку и од вас.

Вашиот однос со другите е резултат на вашиот однос кон самите себе.

Колку повеќе се трудите да се докажете и да им угодите на родителите, толку повеќе растат нивните очекувања. Односно, се вртите во круг, вие непрестајно се трудите да постигнувате, а тие сè повеќе се незадоволни од вас.

Така, градите токсични односи кои ви наштетуваат.

Кога ќе почнете да се грижите и почитувате самите, тогаш и другите ќе почнат да се однесуваат поинаку и да внимаваат на односот со вас.

Ако вашите родители ве научиле да бидете послушни и постојано да ги исполнувате желбите на другите, а вие сте станале свесни за тоа откако сте созреале, тогаш треба да се потрудите да го промените тој однос кон себе и другите. Односно, да се посветите на себе и да се изградите во подобра и посамоуверена личност.

- Поставете јасни граници и почитувајте ги. Бидете искрени и кажете НЕ доколку не сакате нешто да направите, некаде да одите…

Бидете упорни и истрајни во тоа на почетокот додека луѓето да ја сфатат вашата сериозна промена, за потоа повеќе да ве почитуваат и да внимаваат на односот со вас.

- Размислете, што е тоа по што вие се разликувате од вашиот брат. Што е тоа што го има тој, а го немате вие и обратно.

- Комуницирајте. Разговарајте со вашите родители и дозволете им да ви објаснат зошто се однесуваат на тој начин. Кажете им што е тоа што вам ви пречи.

Предложете им поприфатливи обрасци на однесување. Така ќе им дозволите да станат повеќе свесни за нивните постапки и критики, кои можеби ги практикувале затоа што не знаеле поинаку или затоа што сметале дека тоа не ве повредува, туку ве мотивира.

- Не можеме да ги промениме родителите доколку тие не сакат да се променат. Не можете да им бидете родители на вашите родители. Напорите за да ги промените можат само да ве оддалечат.

Единствено што можеме да направиме е да се потрудиме да останеме во добри односи со нив. Но, доколку нема добар исход или односот се влошува, тогаш можеби најпоследно и најразумно решение е заминувањето.

- Дајте си вредност и не дозволувајте другите да одлучуваат за тоа колку вие вредите.

Вложете во себе. Сакајте се и почитувајте се себеси, за и другите да ве почитуваат вас.

Доколку ви се потребни насоки, стратегии и поддршка во процесот на промена и во донесувањето на одлуки, побарајте стручна помош од психолог.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Величе Ристова, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава