7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи)
Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, станувате заборавени, постојано си велите: „само да ја издржам неделава“ - кога сте под стрес или емоционално преплавени, вашиот мозок е во режим на преживување, заглавени сте и не одите напред, а од страна делува како да сте мрзеливи.

Дали можеби се наоѓате во фаза со ниска енергија, многу фрустрација и со секое будење како некоја тежина да ве обзема и едвај можете да ги претуркате деновите?
Во одредени ситуации, не станува збор за мрзеливост и бојкот, можеби сте заглавени во режим на преживување.
Вашиот мозок постојано ве става во замка, односно во состојба на заштита, па наместо да растете и да движите напред, вие сте заглавени, исклучени и целосно замрзнати.

Тоа всушност доаѓа од нервниот систем, на некој начин автоматски се вклучува режимот на преживување, во период кога сте под голем хроничен стрес, кога се чувствувате загрозено или емоционално преплавени.
Во оваа состојба, наместо мозокот да размислува на поголеми цели како планирање, фокусирање и создавање, се насочува кон основни функции за чувство на безбедност.
Знаци дека можеби и вие се наоѓате во ваква состојба и треба да најдете начин сами или со помош од психолог, да се извлечете и да се вратите во нормален режим:
Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши недела
Хронично сте изморени, се будите веќе уморно, дури и по цела проспиена ноќ, а уште пред да легнете, се плашите од тоа што доаѓа утредента.
Вашиот мозок се има преработено и има прегорено, нервниот систем ги тригерира овие алармантни ситуации.

Одеднаш почнувате да станувате заборавени
Вашиот мозок станува фокусиран на приоритизирање само на главните потреби за да останете безбедни, а сето друго е како во магла.
Може да ги заборавите клучевите, да не знаете дали сте заклучиле или сте направиле нешто, и оттука постојано сте под „штрек“ дали сте безбедни.

Се чувствувате виновно кога не сте продуктивни
Заглавеноста во режим на преживување ве воведува во круг – одложување, чувство на вина, ментална исцрпеност, неможност за одмор и избегнување.
Ова постојано „работи“ во позадина и не можете да најдете излез од тоа.

