7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи)
Постојано си велите: „само да ја издржам неделава“
Почнувате да мислите дека ова е само фаза што треба да ја издржите. Но тие недели брзо стануваат месеци, без да забележите.
Додека вашиот нервен систем останува заглавен во режим на преживување, тоа постепено се манифестира и како физички симптоми.
Почнувате да имате чести и ненадејни главоболки, пецкање, остри и кратки болки во градите, проблеми со стомакот, а рамената често ви се напнати.

Се иритирате и од најмали ситници
Дури и најмалите нешта може да ве извадат од рамнотежа. Се чувствувате пораздразливо од вообичаено.
Тоа е затоа што кога нашиот нервен систем се чувствува безбедно, реагира соодветно.
Но кога постојано „скенира“ за опасност, и најмала непријатност може да ве исфрли од контрола.

Имате тенденција да се изолирате и да избегнувате дружење или излегување
Кога мозокот е фокусиран на основниот инстинкт за преживување, времето за хобија или желбата за излегување и дружење почнува да делува исцрпувачки.
Почнувате да ги избегнувате луѓето, па дури и нивните пораки. Се чувствувате оддалечено и исклучено од другите и сè повеќе се повлекувате во себе.

Премногу размислувате за сè, а сепак постојано имате чувство дека заостанувате
Ги повторувате во глава сите разговори, ситуации и најситни детали од денот и се фиксирате на нив.
Станувате строг критичар кон себе и чувствувате дека не можете да се споредите со другите. Замаглениот ум и исцрпеното тело дополнително ја влошуваат состојбата.
Почнувате да фантазирате за откажување, но сепак продолжувате да се туркате низ овој токсичен круг.

Заглавеноста во режим на преживување може на површина да изгледа како мрзеливост. Станува уште потешко затоа што и луѓето околу вас веројатно ќе ве нарекуваат мрзливи или немотивирани.
Но во вас постои дел што сака да им докаже дека не се во право, а сепак се чувствува како да не можете ништо да направите во врска со тоа. Тој дел е исцрпен од симптомите на режимот на преживување.
Најпрво, научете да правите разлика помеѓу живеење во режим на преживување и мрзеливост или одложување.
Дозволете си да го признаете стресот и ситуациите низ кои сте поминале.
Побарајте стручна помош кога е потребно – тоа може значително да помогне во справувањето со симптомите.
M. M. | Црнобело
