Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто)

Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека не сте ја заштитувале кожата добро и затоа старее побрзо.

shest-znaci-deka-stareete-pobrzo-otkolku-shto-treba-i-zoshto-01.jpg

Стареењето е нормален дел од животот и не треба да нè плаши. Но, ако немате ни 40 години, а не се чувствувате баш добро, па и се шегувате дека сте стари, тогаш сосема возможно е вашето тело да старее побрзо.

Добрите вести се дека ова рано стареење обично е предизвикана од фактори кои можете да ги контролирате, како начин на исхрана и физичка активност.

Па, ако ги забележувате знаците, едноставно, треба да почнете да водите подобра грижа за себе.

Кои се знаците дека телото ви старее побрзо?

Одите бавно

Ако сте во 40-тите години од животот, или помлади, а забележувате дека се движите побавно од вообичаено, ова може да биде знак дека стареете побрзо отколку што треба.

Истовремено, ова е знак дека мора да бидете физички поактивни.

Бидејќи веќе и одењето ви претставува проблем, најдобро е да почнете само со пешачење. Почнете со 10-тина минути дневно и постепено зголемувајте го времето.

Како што ќе се враќате во форма, можете да почнете со поинтензивен тренинг, па дури и да одите во теретана.

shest-znaci-deka-stareete-pobrzo-otkolku-shto-treba-i-zoshto-02.JPG

Дамки од сонце на кожата

Дамките од сонце обично се јавуваат по 50-тата година. Иако се безопасни, ако ги забележите додека сте помлади, тоа може да биде знак дека не сте ја заштитувале кожата соодветно и почнала да старее побрзо.

За да не ја влошите состојбата, почнете секојдневно да носите крем со фактор, дури и во зима, а можете да се консултирате со дерматолог за соодветна нега за кожа.

shest-znaci-deka-stareete-pobrzo-otkolku-shto-treba-i-zoshto-03.JPG

Имате проблеми со сеќавањето

На сите ни се случува повремено да заборавиме нешто, без разлика на возраста, додека малите промени во сеќавањето почнуваат да се случуваат уште во 40-тите години од животот.

Ова значи дека може да ви биде тешко да се сетите на нечие име или на некој факт, но само повремено.

Ако сте помлади или ако овие проблеми со сеќавањето се секојдневни, тогаш можно е да стареете побрзо.

Па, важно е да го активирате мозокот – најдете хоби кое ќе ви даде ментална стимулација како читање, па и учење нов јазик. Исто така, важно е да се храните здраво, но и да бидете физички активни.

shest-znaci-deka-stareete-pobrzo-otkolku-shto-treba-i-zoshto-04.JPG

Болки во зглобовите

Шансите за проблеми со зглобовите се зголемуваат со возраста и луѓето обично ги забележуваат симптомите во доцните 40-ти.

Ако сте помлади и веќе имате проблеми и болки во зглобовите, важно е да го забавите овој процес. Во ова може да ви помогнат вежби за флексибилност, како јога, но и аеробни вежби.

Сепак, ако досега не сте вежбале, консултирајте се со лекар за тоа кои вежби се безбедни за вашите зглобови.

shest-znaci-deka-stareete-pobrzo-otkolku-shto-treba-i-zoshto-05.JPG

Тешкотии при качување скали

Штом ви е тешко да се качете на први-втори кат по скали, тогаш дефинитивно мора да поработите на физичката активност.

Намалената физичка кондиција е нормална со годините, но не ако имате 40, 50 години.

shest-znaci-deka-stareete-pobrzo-otkolku-shto-treba-i-zoshto-06.JPG

Намалена сила во рацете

Силата на дланките почнува да се намалува околу 50-тиот роденден. Но, ако сте помлади и веќе ви е тешко да отворите тегла, време е да го зајакнете овој дел од телото.

Покрај редовната физичка активност, можат да ви помогнат активности како моделирање со глина, повремено рачно перење и, генерално, активности кои бараат да ја користите јачината на дланките.

Но, ако одеднаш ја губите силата во дланките, тогаш консултирајте се со лекар бидејќи може да биде некаков проблем, како артритис.

shest-znaci-deka-stareete-pobrzo-otkolku-shto-treba-i-zoshto-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg