Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми

Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замаглениот вид може да биде предизвикан од низа фактори, како долго седење пред компјутер, но некогаш и проблеми со тироидната жлезда.

promeni-vo-vidot-i-ochite-shto-mozhe-da-se-znak-za-poseriozni-zdravstveni-problemi-01_copy.jpg

Ако сте како повеќето, веројатно мислите дека промените во видот и очите се поврзани само со очите.

Но, бројни здравствени проблеми и состојби можат да предизвикаат симптоми кои се манифестираат преку очите.

Ова значи дека кога ќе забележите каква било промена во вашите очи која трае подолго или ви се чини дека се влошува, препорачливо е да отидете на лекар.

За кои промени треба да бидете свесни?

Силна болка

Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, односно абнормално ширење на крвните садови.

Авнеризмата може да се појави во секој дел од телото, а станува опасна доколку крвниот сад испука.

Ако некогаш забележите ваква силна болка, задолжително одете на лекар.

promeni-vo-vidot-i-ochite-shto-mozhe-da-se-znak-za-poseriozni-zdravstveni-problemi-04.JPG

Чувство на притисок и/или проблеми со видот

Проблемите со видот не секогаш се знак за нешто сериозно, особено ако сте повозрасни или има членови во вашето семејство кои носат очила.

Но, некогаш проблемите со видот како замаглено гледање и ненајдено губење на видот, придружени со чувство на притисок, можат да бидат знак за тумор на мозокот.

Може да се јават и симптоми како напади, промени во однесување, промени со сеќавањето, чувство на слабост…

Ако имате проблеми со видот, многу поверојатно е дека само ви требаат очила, но сепак не треба да ги игнорирате.

Чувствителност на светлина

Нормално е очите да ви бидат чувствителни на силно светло.

Но, ако одеднаш станете почувствителни од вообичаено, ова може да биде знак за менингитис.

Некогаш ваква чувствителност може да биде предизвикана и од лупус.

promeni-vo-vidot-i-ochite-shto-mozhe-da-se-znak-za-poseriozni-zdravstveni-problemi-02.JPG

Промена во изгледот на очите

Промените во големината и формата на зеницата, како и положбата на окото и темните дамки на шареницата, некогаш можат да бидат знак за меланом на окото.

Иако ова е ретка форма на рак, промените во изгледот на очите сепак не треба да се игнорираат, особено ако се придружени со проблеми со видот.

Бели или жолти дамки на и околу очите

Ако забележите бели дамки на очните капаци, тоа може да биде знак за висок холестерол.

Холестеролот може да предизвика и појава на жолт круг околу рожницата на окото.

promeni-vo-vidot-i-ochite-shto-mozhe-da-se-znak-za-poseriozni-zdravstveni-problemi03.JPG

Замаглен вид

Замаглениот вид може да биде предизвикан од низа фактори – од долго седење пред компјутер, до некаков здравствен проблем.

Но, некогаш може да биде и знак за проблеми со тироидната жлезда.

Доста често овој симптом е придружени со сувост на очите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg