Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му откривме меланом“
Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поминување, сум, но ако најдам начин да го оставам кутрето - ќе дојдам“. И тогаш случајно ја крена маицата и рече: „Јас имам една промена која расте многу години, но тоа сигурно не е ништо, затоа што расте многу години“. Беше меланом, му го спасивме животот!

Д-р Анџелка Илиева, дерматовенеролог, гостуваше во емисијата „Телма амбуланта“, каде зборуваше на тема важноста на раната дијагноза на меланом и низа други теми, а сподели и случка со човек од Градскиот парк во Скопје, за време на една акција за преглед на бемки со цел рано дијагностицирање на меланом.
Раната дијагноза и редовните прегледи се клучни за успешна превенција и навремено откривање на меланомот.
Меланом е вид на рак на кожата што настанува од меланоцитите - клетки кои создаваат пигмент (меланин) и ѝ ја даваат бојата на кожата.
Најчесто се појавува како нова или променета бемка, а може брзо да се прошири ако не се открие навреме.
Раното препознавање и заштитата од прекумерно изложување на сонце се многу важни за превенција и успешно лекување.

Д-р Анџелка Илиева ја споделува случката:
„Ние, лани, имавме една многу успешна приказна токму од Градски парк, каде што еден пациент, буквално случајно, шетајќи се низ парк со своето куче, застана, праша, што правите...
„Ние прегледуваме бемки“, му рековме, а тој рече: „Ох, не, јас многу се плашам, така случајно застанав“.

Му реков: „Дојдете да ви ги прегледаме, сепак да ве видиме, не е една.
„На поминување, сум, но ако најдам начин да го оставам кутрето - ќе дојдам“.
фото: Chapter 03
И тогаш случајно ја крена маицата и рече: „Јас имам една промена која расте многу години, но тоа сигурно не е ништо, затоа што расте многу години“.
Верувајте, тоа беше еден од меланомите кој се гледа со голо око, што се многу ретки и што веднаш се препознаваат за наша, навистина, огромна среќа.

Пациентот, понатаму, ги послуша нашите инструкции.
Му објаснивме дека, за жал, се работи за карцином на кожа, дека треба понатаму да постапи, да се отстрани хируршки.
