Повеќе од изглед: Македонки кои зрачат со интегритет, стил и внатрешна сила

Бизнис жени, претприемачки, модели, докторки, професорки, дизајнерки – во инспиративна кампања на Chapter 03, на едно место се собрани повеќе од 10 Македонки кои инспирираат со своите приказни, а зрачат со достоинство, елеганција и карактер.  

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-01_copy.jpg

Вистинската убавина не е во трендовите, туку во карактерот, емоциите и спомените што ги носиме со себе.

Со инспиративна кампања, Chapter 03 ги слави жените кои носат сила во тишината, достоинство во држењето и самоувереност во својата природност.

Наместо класична презентација на накит, новата кампања се фокусира на карактерот на жените, нивните избори и тивката самодоверба со која чекорат низ секојдневието.

Ниту една од учесничките немаше улога на модел. Тие се пријателки на брендот, пред сè и пример за современи жени: самоуверени, автентични и свои.

Секоја носи сопствена инспиративна приказна и природно присуство што зрачи со елеганција и карактер. Тие се жени кои живеат по свои правила, со префинет стил и тивка, но моќна самодоверба што инспирира.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila---_copy.jpg

Целата кампања се одвиваше под креативното водство на нашиот најстрог моден критичар: единствениот и неповторлив Сергеј Варошлија, кој на внимателно избраните парчиња накит им даде улога на личен потпис, суптилно втиснат во стилот и персоналитетот на дамите.

Во време на брзи промени и минливи трендови, кампањата потсетува дека вистинската елеганција е пред сè состојба на духот, а не само визуелен израз.

Во кампањата учествуваа:

Ели Пешева

„Сите ние имаме битки што ги споделуваме со други или сами одиме низ нив”.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-03.jpg

Ели Пешева е директор за комуникации во една од најуспешните македонски агенции „Њу момент“, препознатлива и како гласна еко-активистка и гласноговорник за позитивни општествени промени преку иницијативата „О2“.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-02.jpg

Нејзината професионалност, општествен ангажман и јасен став ја позиционираат како пример за современа жена која инспирира со дела, а не само со зборови.

Милиана Мијалкова и Мила Мијалкова

Милиана Мијалкова, некогаш дел од банкарскиот сектор, ја претвори прецизноста и пресметаноста во свој професионален потпис, само во малку поинаков контекст.

Денес, во својот специјализиран клуб за Reformer Pilates, таа ја гради истата филозофија: резултатите не се случајност, туку производ на јасна стратегија и доследност.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-03_copy.jpg

Секој тренинг е внимателно осмислен, секоја програма поставена со јасна цел, а секој резултат е плод на стратегија, а не на случајност.

Кај неа, стилот никогаш не бил само естетика. Милиана е доказ дека убавината секогаш е во деталите, а силата во балансот.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-01.jpg

Мила Мијалкова е студентка по економија на IE University во Мадрид, со фокус на меѓународна трговија и стратегија.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-02_copy.jpg

Активно учествува во лидерски и волонтерски иницијативи, комбинирајќи аналитичка прецизност, стратешко размислување и вештини за јавно говорење, со амбиција за кариера во глобалниот бизнис и економија.

Мила беше една од нашите први моделки со кои работевме едиторијали во 2019 година.

Анџелка Илиева со ќерката Бисера

Д-р Анџелка Илиева е специјалист дерматолог препознатлива по својот професионален и научно ориентиран пристап во дерматологијата, дерматохирургијата и естетската медицина.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-.jpg

Нејзината работа се темели на континуирано стручно усовршување во повеќе европски медицински центри, со фокус на примена на современи медицински стандарди и врвен професионализам во третманот на пациентите.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-2.jpg

Свесна за значењето на убавината – и однатре и однадвор – таа својата експертиза ја практикува во Центарот за естетска дерматологија при Жан Митрев Клиника, каде што пристапот кон секој пациент е индивидуален и базиран на најсовремени медицински методи.

Д-р Илиева е и посветена мајка на Јована и Бисера, која плени со својот талент за музика, танц и моделство.

Симона Симоновска

Симона Симоновска е на чело на маркетинг тимот на Витаминка, компанија што многумина ја препознаваат по вкусот, но малкумина по луѓето што ја движат напред.

Таа ја носи новата енергија во менаџментот, со свежа визија, современ пристап и јасен фокус на развој и модернизација на брендот.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila.jpg

Симона не ја продолжува традицијата само како наследство, туку како одлука. Одлука да се гради, да се унапредува и да се остави личен печат.

Со достоинство, храброст и амбиција, активно учествува во создавањето на иднината на компанијата, своја, силна и автентична.

Зад лидерството и визијата што Симона ја носи во Витаминка, стои и една тивка, но моќна сила - семејството.

Покрај тоа што е на чело на маркетинг тимот и активно учествува во градењето на иднината на брендот, Симона Симоновска е и сопруга и посветена мајка на Софија, Ѓорги и Јана.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila--.jpg

Тие се нејзината најголема инспирација и радост во секојдневието, причината зошто секој успех има уште подлабоко значење, а секој предизвик се претвора во мотив.

Со истата посветеност со која создава и води, таа дома гради љубов, стабилност и вредности што остануваат.

Симона покажува дека вистинската сила е во балансот, да водиш со срце, да создаваш со визија и да останеш своја — во секоја улога.

Сања Николиќ Маринковиќ

Во 2000 година таа ја освои титулата Мис на Македонија, со што стана едно од најпрепознатливите лица на македонската модна сцена пленејќи со својата природна грациозност, умереност и префинет вкус.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila--_copy.jpg

Денес Сања Николиќ Маринковиќ својата професионална енергија ја насочува кон маркетинг секторот, градејќи профил на жена која го спојува визуелното чувство за естетика со стратегиско и современо професионално размислување.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila---.jpg

За својата убавина низ годините има добиено бројни признанија, а ние денес јавно ѝ оддаваме признание за она што ја прави навистина посебна: убавината на нејзината душа.

Александра Мијалкова

Александра Мијалкова е примабалерина, педагог-репетитор по класичен балет и магистер по педагошки науки. Работи како професор на Балетската академија при Факултетот за музичка уметност.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila----_2.jpg

Таа е едно од највпечатливите имиња на македонскиот балет, препознатлива по својата уметничка префинетост, раскошен талент, беспрекорен уметнички израз и сценско присуство што ја издигнува балетската уметност како врвна форма на изразување.

Балерината се раѓа, но примабалерина се станува по безброј часови вежбање и години напорна работа.

Улогата на Црниот лебед, која важи за една од најтешките класични партии, Мијалкова ја одиграла на само 21 година.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-fe_2.jpg

Во текот на својата кариера има одиграно бројни улоги, но за нас, со особен пиетет ја издвојуваме онаа на Сандра – секогаш грациозна и насмеана, стилски префинета и автентична; жена која со истата елеганција зрачи и на сцената и надвор од неа, каде и да ја сретнете по некоја случајност.

Драга Сандра, продолжи да инспирираш!

Јована Филиповиќ со синчето Нео

Јована Филиповиќ, една од најпрепознатливите македонски модни дизајнерки, со своите успешни колекции и беспрекорна посветеност на квалитетот, создава парчиња од префинети и внимателно одбрани материјали.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila-18.jpg

Нејзиниот дизајн е спој на современа естетика и врвна изработка, создаден за жена со став.

Маја Стефкова и Калина Стефкова

Умешноста на селектирање и креирање нови формулации за брендот „Good Nature“ е дел од нејзиното секојдневие, во кое несебично ги вложува своето знаење, искуство и експертиза.

Нејзината љубов кон фитофармацијата започнува уште во студентските денови и веќе 25 години е дел од нејзината професионална приказна во „Алкалоид“.

Во таа приказна м-р Маја Стефкова има поставено високи критериуми и стандарди што постојано ја мотивираат кон нови достигнувања.

Нејзиниот стил е токму таков – природен и избалансиран, надополнет со внимателно одбрани аксесоари што суптилно ја истакнуваат нејзината префинета елеганција.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila50.jpg

Калина Стефкова е студентка по медицина, љубопитна за науката и посветена на идејата дека знаењето и емпатијата можат да го променат светот.

Таа верува во силата на младите жени да создаваат промени и да освојуваат нови хоризонти, а знае да биде и потпора и спокој во денови кога светот трча пребрзо.

Маја и Калина се дел од нашата приказна уште од самите почетоци. Им благодариме за довербата и за тоа што ја споделуваат својата успешна приказна со нас.

Кики Мукаетова

Кога првпат се појави на нашите канали, имаше само девет години. Денес, на свои 17, Кики Мукаетова води сопствена авторска емисија, го издаде својот прв сингл и веќе има нови проекти во подготовка.

За себе, знае да каже дека е само обична средношколка со огромна љубов кон сценските уметности, а зад сцената и камерите, зад сите професионални достигнувања, стои девојка која внимателно и свесно го гради својот карактер.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila80.jpg

Нејзината приказна не е само приказна за рано откриен талент. Таа е приказна за емотивна интелигенција, за храброста и за изборот да остане човечна во сè што прави.

Во време во кое сите сакаат инстантен успех и гласна присутност, Кики избира автентичност, вредности и посветена работа.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila87.jpg

Во време кога младите сè почесто се третираат како пасивни набљудувачи, Кики Мукаетова упорно го гради спротивниот наратив – младите како активни учесници, мислители и креатори на промени.

Кики, продолжи да блескаш!

Македонка Радуловиќ

Проф. д-р Македонка Радуловиќ е редовна професорка на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila--_copy_copy.jpg

Таа предава и истражува теми поврзани со семејството, промените и предизвиците со кои се соочуваат современите семејства, како и семејната и брачната едукација.

Авторка е на бројни научноистражувачки трудови од оваа област, како и на неколку книги посветени на семејството.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila--_1.jpg

Македонка е и национална координаторка на европската мрежа за семејна поддршка.

Студентите ја доживуваат како ментор и личност со која можат отворено да разговараат и да дискутираат за чувствителни и често табу-теми. Нејзините главни истражувачки интереси се семејството, социјалната политика, родовата еднаквост и здравјето.

povekje-od-izgled-makedonski-zheni-koi-zrachat-so-integritet-stil-i-vnatreshna-sila--_2.jpg

Каде и да се појави, таа плени со својот беспрекорен стил – модерна, префинета и совршено избалансирана елеганција, вистински пример за филозофијата дека „помалку е повеќе“.

Македонка е мајка на Марко, Ева и Ана. 

Најчитани неделава