Како се пренесува, колку е опасен – Што треба да знаете за хантавирусот?

Според сегашната процена на Светската здравствена организација, ризикот од епидемија со хантавирус е мала. Ова е вирус што го пренесуваат глодари (и стаорци), а во многу ретки случаи може да се пренесе од човек на човек. Заразата кај луѓе е ретка, но болеста може да биде смртоносна.

kako-se-prenesuva-kolku-e-opasen-shto-treba-da-znaete-za-hantavirusot-01.jpg

Пандемијата со коронавирусот беше трауматична за сите, па нормално е што сега јавноста се плаши секојпат кога ќе слушне за појава на некој нов вирус.

Периодов актуелен е таканаречениот хантавирус кој се појавил на холандски крузер – MV Hondius – со 147 патници и членови на екипажот.

Како што споделува Светската здраствена организација, на 2-ри мај тие биле известени дека неколку патници на крузерот имале сериозно заболување на респираторниот систем.

До 4-ти мај биле забележани седум случаи од кои два биле потврдени со лабораториски испитувања, а останатите пет биле сомнителни случаи.

kako-se-prenesuva-kolku-e-opasen-shto-treba-da-znaete-za-hantavirusot-04.JPG

Исто така, на крузерот имало три смртни случаи, еден пациент во критична состојба и три лица со благи симптоми.

„Болеста се појавила помеѓу 6-ти и 28-ми април 2026 година и била карактеризирана со треска, гастроинтестинални симптоми, пневмонија и шок. Истрагата уште е во тек.

Со заразата се справува преку координиран меѓународен одговор и вклучува детални истраги, изолирање на случаите, медицинска нега, медицинска евакуација и лабораториски испитувања“, пишува на веб-сајтот на Светската здравствена организација (СЗО).

kako-se-prenesuva-kolku-e-opasen-shto-treba-da-znaete-za-hantavirusot-05.JPG

Од СЗО исто така известуваат дека вирусот е редок, но може да предизвика компликации и да биде смртоносен.

Вирусот го пренесуваат стаорци, односно глодари, а заразата од човек на човек е многу ретка.

Истовремено, истакнуваат дека ризикот од епидемија засега е мал:

„СЗО моментално проценува дека ризикот за глобалното население е мал и ќе продолжи да ја следи епидемиолошката ситуација и да известува за ризикот“, пишува на сајтот.

Крузерот моментално е закотвен на брегот на Зелен`Рт, а пред да стане јасно дека е во прашање хантавирус, неколку патници наводно го напуштиле. Моментално се истражува од каде потекнува вирусот на бродот и кои патници го напуштиле и дали биле заразени.

kako-se-prenesuva-kolku-e-opasen-shto-treba-da-znaete-za-hantavirusot-02.JPG

Што е хантавирус?

Како што открива СЗО, хантавирусите се таканаречени зоонотични (или зооносни) вируси, односно животински вируси кои може да се пренесат на луѓе.

Вирусот ги заразува глодарите, а повремено може да се случи човек да се зарази од глодар.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава