Како се пренесува, колку е опасен – Што треба да знаете за хантавирусот?
Постојат неколку видови хантавирус кои обично се поврзани со видот на глодари што ги пренесуваат.
Разните видови можат да предизвикаат и разни симптоми.
Колку е честа заразата кај луѓе?
Како што веќе спомнавме, на глобално ниво, заразата со хантавирус кај луѓе е особено ретка, но може да имаат висока стапка на смртност.
Според СЗО, секоја година има од 10.000 до 100.000 случаи со зараза од хантавирус, од кои најмногу во Азија и во Европа.
Како се пренесува вирусот?
Некој може да се зарази со вирусот ако дојде во допир со урина, измет или плунка од заразени глодари.
Во поретки случаи може да дојде до зараза и преку гризнување од глодар.
Пренесувањето на вирусот од човек на човек е забележано само кај еден вид од хантавирусот и сепак е многу ретко.
Од СЗО велат дека во ваквите случаи, обично вирусот се пренесува кај луѓе кои минуваат многу време заедно, односно живеат во иста куќа или се интимни партнери.
Кои се симптомите?
Кај луѓето, симптомите почнуваат да се појавуваат помеѓу една и осум недели од заразата, а ова зависи од типот на хантавирусот.
Симптомите вклучуваат:
- Треска
- Главоболка
- Болка во мускулите
- Гастроинтестинални симптоми (болка во стомакот, гадење или повраќање)
Кај некои видови хантавирус болеста може да почне да предизвикува и кашлица, отежнато дишење и шок.
Други видови во подоцнежна фаза од болеста може да предизвикаат низок крвен притисок и проблеми со бубрезите.
Како се лекува вирусот?
Нема конкретен лек за хантавирусот и лекувањето се фокусира на следење и регулирање на симптомите.
Како можете да се заштитите од вирусот?
Најлесниот начин за заштита е да се избегнува секаков контакт со глодари.
Може да се преземат и други мерки:
- Редовно чистење на домот (и канцеларијата)
- Затворање на отвори преку кои во домот можат да влезат глодари
- Безбедно скалирање на храната
- Избегнување на измет од глодари
- Често и редовно миење раце
Спирова С. | Црнобело