8 промени кои можат да бидат ран знак за Паркинсонова болест (и не треба да ги игнорирате)
Отежнат говор, промени во ракописот, но и промени во изразите на лицето – што друго може да биде ран знак за Паркинсонова болест?

Паркинсоновата болест е невродегенеративно заболување кое има влијание врз движењето, но и низа други процеси во телото.
Со текот на времето, болеста се влошува и иако нема лек, денес постојат третмани и терапии кои донекаде можат да ги ублажат симптомите.
Сигурно ги знаете „главните“ симптоми на Паркинсонова болест, како тремори, болни контракции на мускулите. Но, постојат и други промени кои можат да ја навестат болеста.
Секако, овие промени не мора да се сигурен знак за Паркинсонова болест, но добро е да ги знаете за да можете да се консултирате со лекар.
Неколку промени кои можат да бидат рани симптоми за Паркинсонова болест:
Лигавење и отежнато голтање
Покрај проблемите во говорот кои се поочигледни, Паркинсоновата болест може да го отежни голтањето, но и да има влијание врз мускулите на устата, па ова да доведе до лигавење.
Промени во ракописот
Нормално е во текот на животот вашиот ракопис да се менува.
Но, ако одеднаш забележите дека ракописот ви е поситен, буквите се позбиени и генерално пишувате полошо, тоа може да биде знак за Паркинсонова болест.
Промената во ракописот се јавува поради влијанието на болеста врз мозокот, со која се отежнуваат моторичките способности.
Промени во изразите на лицето
Паркинсоновата болест има влијание и врз мускулите на лицето.
Па, личност со оваа болест може да почне да делува ако да нема никаков израз на лицето, без разлика на емоциите што ги чувствува.
Промени во држењето на телото
Еден од пораните знаци за Паркинсонова болест можат да бидат суптилните промени во држењето на телото, како подгрбавеност.
Проблеми со забите непцата
Бидејќи Паркинсоновата болест може да го намали лачењето плунка, проблемите со оралното здравје се честа појава.
Намалено чувство за мирис
Луѓето со Паркинсонова болест може да се соочат со намалено сетило за мирис.
Промени во одењето
Друг чест симптом за Паркинсонова болест се промените во начинот на одење.
Односно, луѓето со Паркинсонова болест може да почнат да ги влечат нозете кога одат или да прават помали чекори.
Промени во говорот
Паркинсоновата болест има влијание и врз способноста за зборување, а суптилните промени во говорот можат да се јават и многу рано.
Гласот може да биде помонотон, како и да биде отежнато јасното изговарање на зборовите.
Спирова С. | Црнобело
