Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат парички, батерии“
„Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки, парички и батерии... Поновите батерии, овие што се како плочки, се поопасни - прават реакции“, вели д-р Марјан Камилоски и споделува дека ова е една од најчестите причини за итни интервенции кај деца.

Д-р Марјан Камилоски е истакнат детски хирург на ЈЗУ Универзитетска клиника за детска хирургија во Скопје.

Специјализиран е во областа на детска хирургија, со фокус на биомедицински науки, педијатрија и хирургија. Тој е и вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје (Катедра за хирургија).

Во гостувањето во емисијата „Телма амбуланта“ тој проговори на тема дека се случува детето да голтне туѓо тело како паричка, делови од играчки, батерија и дека токму тоа е една од најчестите причини за итни интервенции кај деца.

Д-р Марјан Камилоски за своите искуства со голтање предмети кај деца, вели:
„Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети.
Играчки, парички и батерии... И подобрата варијанта е тие да се голтнат, отколку да отидат во дишните патишта.

Поновите батерии, овие што се како плочки, како парички, тие се поопасни - прават реакции...
И може да дојде до дупнување на хранопроводот и на желудникот, што може да донесе до потешки компликации што мора да се решат хируршки.
Батериите, најитно што може се вадат - за да не дојде до реакција, барем во првите 5-6 часа.

