Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат парички, батерии“
Тогаш имаме соработка со Клиниката за уво, нос и грло.
Тие доаѓаат и ендоскопски ги вадат тие предмети. Многу е важно, на пример, колкава е големината на предметот.
На пример, ако голтне паричка, претежно дава клиничка слика, бидејќи децата после тоа не можат да внесат храна и течности.
И повраќаат. И така веќе се гледа дека нешто не е во ред.

Металните предмети можат да се детектираат преку рентген диjaгностика.
Овие другите, на пример, што се дрвените не се гледа..
Конкретно, имав едно дете, што голтнало значка, и сега остриот дел, може да направи перфорација и оштетување на цревата итн.

Организмот има еден феномен, не оди значката од кај иглата, туку оди од кај тупата страна.
И детето, после 3-4 дена, не се сеќавам колку, ја исфрли без никакви проблеми, без никакво крварење и оштетување“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
