Зошто ви растат влакна на прстите на стапалата (и кога се знак за проблем)?

Колку и да ги мразите, влакната се сосема природна појава, а не е невообичаено да растат и на места како брадата или, пак, прстите на стапалата. Обично појавата на влакна на овие места, дури и подоцна во животот, не е знак а проблем, но добро е да бидете свесни за можните причини.

zoshto-vi-rastat-vlakna-na-prstite-na-stapalata-i-koga-se-znak-za-problem-01.jpg

Влакната се сосема природна појава, без разлика дали сте маж или жена.

Но, на некои делови од телото, може да биде невообичаено жените да имаат потемни и погусти влакна.

На пример, влакната на брадата може да бидат знак за хормонална нерамнотежа, но некогаш се појавуваат и без некоја конкретна причина.

Друго место на кое жените не очекуваат да почнат да им растат влакна се прстите на стапалата, особено на палците.

Важно е уште на почетокот да нагласиме дека во повеќето случаи, освен што се досадни бидејќи треба да ги отстранувате, влакната на прстите на стапалата не се знак за некаков проблем.

Сепак, во некои ситуации, може да има и некоја скриена причина. Но, во тој случај веројатно би чувствувале и други симптоми.

Па, што ја предизвикува појавата на влакна на стапалата, кај жени?

Генетика

Генерално, генетиката одредува колку ќе бидете влакнести, но и на кои делови од телото ќе ви растат влакна.

Па, ако жените од вашето семејство имале влакна на прстите од стапалата, голема е веројатноста и вие да сте го наследиле тој ген.

Проблеми со јајниците

Јајниците и хормоналната рамнотежа во телото се тесно поврзани.

Па, ако имате некаков проблеми со јајниците, можно е да дојде до нерамнотежа што, пак, може да предизвика појава на влакна на некои делови од телото.

zoshto-vi-rastat-vlakna-na-prstite-na-stapalata-i-koga-se-znak-za-problem-02.JPG

Одредени лекови

Некои лекови можат да имаат влијание врз појавата на влакна. Сепак, во ваквите ситуации поверојатно е растот да биде фокусиран на други делови од телото, а не на стапалата.

Хормоналните лекови, лековите што содржат тестостерон, како и кортикостероидите можат да предизвикаат појава на влакна кај некои лица.

Ако ова е причината, немојте сами да прекинувате терапија, туку секогаш консултирајте се со вашиот лекар.

Проблеми со надбубрежната жлезда

Надбубрежната жлезда лачи хормони, вклучувајќи ги оние познати како андрогени.

Кога нивото на андрогени во организмот се зголемува, тогаш настанува состојба позната како хирсутизам.

Ова е релативно честа состојба која предизвикува појава на влакна кај жените, вклучително и на прстите на нозете.

Знак за добра циркулација

Од друга страна, тоа што имате влакна на стапалата може да биде и знак за добра циркулација.

Ако, пак, влакната почнат да се проретчуваат сами од себе, тоа може да биде знак за проблеми со циркулацијата.

zoshto-vi-rastat-vlakna-na-prstite-na-stapalata-i-koga-se-znak-za-problem-04.JPG

Како да ги отстраните влакната на стапалата?

Како што веќе спомнавме, во повеќето случаи влакната на стапалата создаваат проблем од естетски причини. Па, слободно можете да ги отстраните.

Мжете да ги избричите, но имајте на ум дека тогаш ќе треба да ги бричите многу често – неколкупати неделно.

Бидејќи се во прашање мал број влакна, можете да ги отстраните со пинцета.

zoshto-vi-rastat-vlakna-na-prstite-na-stapalata-i-koga-se-znak-za-problem03.JPG

Исто така можете да ги отстраните со восок или со машинка за депилација.

Ако сакате потрајно решение, тогаш можете да одите на ласерска депилација.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава