Најчести симптоми за проблем со црниот дроб + како да се заштитите?

Жолтицата е еден од најчестите симптоми за проблеми со црниот дроб, додека алкохолизмот, но и дебелината, се меѓу најчестите ризични фактори.

najchesti-simptomi-za-problem-so-crniot-drob-kako-da-se-zashtitite01.jpg

Добро познат факт е дека алкохолизмот може да го оштети црниот дроб и да предизвика цироза.

Но, прекумерното пиење алкохол и цирозата не се единствените проблеми што може да се јават кај овој орган.

Црниот дроб е орган кој може да се регенерира сам, но само доколку се реагира навреме.

Па, важно е да знаете кои се симптомите дека имате проблеми со црниот дроб, но и од што се предизвикани.

Некои заболувања на црниот дроб се наследни, но постојат и животни фактори кои можат да влијаат на нивната појава.

Кои симптоми се знак за проблеми со црниот дроб?

Проблемите со црниот дроб не секогаш предизвикуваат видливи симптоми.

Исто така, ако чувствувате еден симптом, не мора да значи дека станува збор за проблем со црниот дроб и важно е да се консултирате со лекар бидејќи само тој може да ви даде точна дијагноза.

Дел од симптомите кои може да се појават:

  • Жолтица – пожолтување на очите и кожата
  • Болка и оток во област на стомакот
  • Отоци во нозете и глуждовите
  • Темна урина
  • Бледа столица
  • Постојан замор
  • Гадење или повраќање
  • Намален апетит

najchesti-simptomi-za-problem-so-crniot-drob-kako-da-se-zashtitite-04.jpg

Кои се причините за проблеми со црниот дроб?

- Инфекција – постојат паразити и вируси кои можат да предизвикаат проблеми со црниот дроб, како хепатит А, Б, и Ц.

- Автоимуна болест.

- Генетика – постојат заболувања на црниот дроб кои можат да бидат наследни, како хемохроматоза.

- Некои видови рак, како рак на црниот дроб или жолчното ќесе.

- Животни навики, како алкохолизам и дебелина која може да предизвик замастен црн дроб.

najchesti-simptomi-za-problem-so-crniot-drob-kako-da-se-zashtitite-05.JPG

Кои луѓе се изложени на поголем ризик?

Постојат фактори кои можат да го зголемат ризикот од проблеми со црниот дроб.

Покрај алкохолизмот и дебелината, во ризични фактори спаѓаат и дијабетес тип 2, незаштитен сексуален однос, контакт со туѓа крв заразена со хепатит или вирус кој предизвикува проблеми со црниот дроб…

najchesti-simptomi-za-problem-so-crniot-drob-kako-da-se-zashtitite-03.JPG

Какви компликации можат да настанат и како да се заштитите?

Компликациите зависат од заболувањето на црниот дроб.

Ако не се третира, оштетувањето на црниот дроб може да биде и фатално.

Но, добрите вести се дека можете да го намалите ризикот од проблеми со црниот дроб:

  • Бидете умерени со алкохол
  • Користете заштита за време на секс
  • Вакцинирајте се ако сте изложени на ризик од хепатит – разговарајте со вашиот лекар за ова
  • Бидете внимателни со лекови и суплементи – пијте ја само препорачаната доза и никако не ги мешајте со алкохол
  • Внимавајте на исхраната и тежината за да избегнете замастен црн дроб

najchesti-simptomi-za-problem-so-crniot-drob-kako-da-se-zashtitite-02.JPG

Прочитајте и: Црвени дланки - необичен симптом за цироза на црниот дроб: Кога треба да посетите лекар?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg