Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дружење за подолг живот

druzenje-za-podolg-zivot-povekjeДруштвеноста е еден од најдобрите начини за продолжување на животниот век. Добрите односи со фамилијата, соседите па дури и со домашните миленици...

 

 

...значајно влијаат на квалитетот на вашиот живот, а со тоа и на неговата должина.druzenje-za-podolg-zivot

Влијанието на добрите друштвени односи на здравјето прв го воочил во 1858 година Вилијам Фар, британски научник, кој ја поставил тезата дека вдовивиците и вдовците имаат поголем процент на смртност за разлика од нивните врсници во брак.

Големото статистичко истражување покажало дека бракот додава 7 години кај мажите, 2 години живот кај жените.

Новите истражувања покажуваат дека личност во брак која има срцева болест, може да очекува да живее 4 години подолго од својот врснил со здраво срце, но кој не е во брак.

Па така ако не можете да се откажете од пушењето, негативното влијание можете да го поништите со добар брак.

Можеби ви е чудно, но оженет маж кој пуши повеќе од една кутија цигари на ден има поголеми статистички шанси за подолг живот од својот врсник кој не пуши и не е во брак.

Се прашувате на кој начин ви се продолжува животот?

Влијанието е доста комплицирано, а на него влијаат економски фактори, здравствени услуги, размената на информации, емотивната потпора и уште некои психолошки механизми.

Друштвените контакти го поттикнуваат развојот на мозокот и  имунолошкиот состав, што води до помало нарушување на здравјето и мали шанси за развој на депресија кога ќе остарите. Личностите кои наоѓаат потпора кај другите - полесно го поднесуваат стресот.

Значи, градењето добри односи со сите околу вас, ќе го направите својот живот поубав и значително ќе го продолжите.

Однесувајте се љубезно и добронамерно кон луѓето, а награда ќе ви биде долг и здрав живот!

Би можело да ве интересира:

Го намалува стресот и уште 6 потенцијални придобивки од билката ашваганда Ограничен број студии покажале дека користењето ашваганда како додаток во исхран...
Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате? Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, вре...
Стрес, генетика: Што ја предизвикува егземата и може ли да се излечи? Егземата е категоризирана како дерматит, односно воспаление на кожата придружено...
Синдром на вампир, човек-камен: 10 најчудни ретки болести (нема да верувате дека постојат) Овие болести се толку ретки што за повеќето луѓе звучат неверојатно, но тие нави...
8 можни знаци за дијабетес кои не треба да ги игнорирате Необјасниво слабеење, замаглен вид, но и темна и задебелена кожа на вратот, пазу...
Што е предвремен пубертет, што го причинува и може ли да се спречи? Не секогаш може да се утврди точната причина за предвремен пубертет. Но, препора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg