Јога или пилатес?

joga-ili-pilates-povekjeКога треба да се одлучите помеѓу јога и пилатес погледнете кое од каде потекнува и зошто служи, односно какви цели сака да постигне. Јогата...

 

...е базирана на источната идеја за движење на енергијата низ телото.joga-ili-pilates-1

Колку послободно се движи енергијата, толку сте вие поздрави и поенергични.

Физичката тензија е она што го попречува движењето на енергијата и по одредено време вашето тело станува напнато и згрчено, а вие чувствувате болка.

Целта на јогата е да ја одржува еластичноста на Вашето тело преку движења и истегнувања. Но, јогата има и друга димензија. Таа е холистичка спиритуална дисциплина која потекнува од источните форми на медитација.

Физичките држења, иако влијаат на телото, сепак целат кон состојбите на умот.

Тие ја симболизираат целта на живеењето на вашиот живот во состојба на рамнотежа и спокојство. По часот на јога, се чувствувате опуштени и освежени.

Пилатес, од друга страна, исклучително влијае врз телото - и ниту една друга дисциплина не му е слична.

Сé започнало кога креаторот на пилатесот – Јозаф Пилатес, барал брз начин на рехабилитација за повредените војници по Првата Светска Војна.

Тој развил асортиман од справи со системи со пружини, кабли и тркала кои се покажале како ефикасни за истегнување и јакнење, но и единствени поради моќта да ја поттикнат координацијата помеѓу мускулите кои го стабилизираат телото.

Техниките на пилатесот брзо станале популарни кај танчерките кои во оваа дисциплина виделе ефективен начин за joga-ili-pilates-2подобрување на држењето и движењето на телото.

Пилатесот базиран на вежбање со справи е посличен со бодибилдинг отколку со јога бидејќи вклучува движења наспроти отпорот (со помош на пружини) и цели кон оптеретување на мускулите.

Од прилика исто како да кревате тегови – со или без справа. Од скоро време постои и нова форма на пилатес, која наместо со справи, се практикува единствено на простирка, и која е повеќе базирана на калистеничен стил на вежби и истегнувања.

Оваа форма на изглед е многу слична на јогата, но сепак резултатите повеќе се однесуваат на физичка промена, отколку на спиритуален развој како што е случај кај јогата.

Генерално, јогата повеќе делува на тоа како се чувствувате, а пилатесот на тоа како изгледате – какво е вашето држење и движење.

Па, доколку ви е потребно вежбање кое ќе ве релаксира и опушти, кое ќе ги однесе на повисоко ниво вашето тело и ум – ви препорачуваме јога.

А, доколку сакате подинамичен систем за јакнење и оформување на мускулите или пак сакате да пробате нешто различно и ново – во тој случај пилатес е одличен избор за вас.

Би можело да ве интересира:

Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Пет проблеми со здравјето што се јавуваат во лето (и како да ги избегнете) Промените и проблемите со дигестијата, заедно со сувата кожа, можат да бидат при...
Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg