Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нашиот внатрешниот часовник

Кронобиологијата е наука која ја проучува врската помеѓу потребата и способноста на човековото тело со времето и деновите. Според учењето на...

 

... древните кинези, промената на денот и ноќта влијае на биолошките процеси и поединечни органи во нашето тело во различно време, реагираат различно.Така нашиот организам се урамнотежува со внатрешниот ритам.

На пример, физичката сила е на минимум околу 23 часот, како и метаболизмот, крвниот притисок и телесната температура. Тоа е време кога мелатонин, хормонот задолжен за добро расположение се лачи најповеќе. Способноста за работа значително опаѓа околу 22 часот и организамот е во фаза на само-лекување, бидејќи се зголемува бројот на леукоцити во крвта.

Не јадете после 21 часотnasiot-vnatresen-casovnik1

Ако сакате мирно да спиете, избегнувајте филмови исполнети со насилство. Според кронобиологијата не е добро да се јаде по 9 часот, бидејќи се оптеретува дигестивниот систем.Доколку зимате антибиотици, идеално би било да ги земате помеѓу 20 и 4 часот наутро, бидејќи во тој период најдобро делуваат.

Околу 20 часот во црниот дроб се намалува количината на масти, а темната крв посилно стуи кон срцето. Само еден час порано се успорува пулсот и се намалува крвниот притисок.

Идеало време за дружење со пријателите е 18 часот. Организамот својот максимум го достигнува околу 17 часот - бубрезите најдобро работат, и најповеќе растат ноктите и косата.

Ако имате вишок од желудечна киселина, идеално време за земање на лек е 16 часот, како и за спортски тренинг, Новиот работен елан обично се буди околу 15 часот и тогаш поголем број на работници го достигнуваат својот максимум.

Победете го уморот со краток одмор

Чувството на умор се јавува периодично, на секои 4 часа: во 10часот,14,18, а за да го победите - едноставно правете одмор од некои 10 до 15 минути.

Околу 14 часот, организамот е најмалку чувствителен на бол па е добро во тоа време да посетите стоматолог или да заминете на закажан хируршки зафат. Научниците тоа го објаснуваат како факт дека локалната анестезија тогаш делува 30 минути, пред пладне само 12 минути, а навечер 19 минути.

Најповеќе помниме во 10 часот, еднакво и на телесната температура и исто еднакво на работната способност. Сепак, идеалното време за водење љубов е 8 часот, кога клучните хормони се на високо ниво. Но, од друга страна, во овој период најизразени се реуматските појави.


Идеално е да се разбудите во 6 часот

Идеално време за будење е 6 часот кога е зголемена концентрацијата на кортизонот. Додека спијат, момците се околу 5 часа интезивно се лачи тестостеронот.Интересно е да се спомене дека според некои податоци голем број на деца се раѓаат околу 4часот наутро, но од друга страна ова време е поврзано со ризикот од инфаркт и напади на астма.

Три часот наутро е критично за лицата кои се склони на депресија, бидејќи тогаш е забележан најголем број на самоубиства. За возачите пак не е најдобро време 2 часот, бидејќи рефлексите се најспори во тој период.

Исто вакво намалување на рефлексите се случува и во 1 часот по полноќ, па често се случуваат сообраќајни несреќи во овие периоди.







Би можело да ве интересира:

8 можни знаци за дијабетес кои не треба да ги игнорирате Необјасниво слабеење, замаглен вид, но и темна и задебелена кожа на вратот, пазу...
Зошто е важен витаминот Д (особено за деца) и кога треба да земате суплементи? Витаминот Д се создава во организмот со изложеност на сонце, но некогаш ова не е...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Туширање со жешка вода и уште 5 работи што ја влошуваат егземата Жешката вода ги отстранува природните масла на кожата и ја прави посклона кон су...
Помалку познати симптоми на синдром на полицистични јајници (што не треба да ги игнорирате) Подуеност во област на стомакот, болки во други делови од телото, крвавење кога ...
Знаци дека имате висок шеќер во крвта (и не смеете да ги игнорирате) Ако постојано сте жедни, уринирате почесто, имате заматен вид и главоболки,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg