Како да се справите со ПМС?

kako-da-se-spravite-so-pms-povekjeПредменструа- лниот синдром (ПМС) за многу жени е еден многу непријатен период од месецот, кога во текот на 5 до 10 дена се појавуваат многу...

 

...непријатни симптоми, како што се надуеност на телото, грчеви, умор, промена на расположението, нервоза, депресија, неконтролирана глад, осетливост на дојките, болки во грбот и во долниот дел од стомакот.

Сите овие симптоми се крајно непријатни и секоја жена се обидува на најразлични начини да ги спречи или ублажи. Па еве да откриеме некој од начините за справување со ПМС-от.

Начинот на исхрана игра голема улога во спречувањето на ПМС тегобите. kako-da-se-spravite-so-pmsИстражувањата покажуваат дека жените, кои имаат проблем со шеќерот, имаат многу повеќе симптоми и тегоби за време на ПМС-от.

Всушност, на жените може да им олесни фактот, дека неконтролираната потреба за слатки работи во овој период не е знак за нивниот слаб карактер, туку сосема нормална и докажана физиолошка потреба.

После овалуацијата, која се случува околу две недели пред менструалниот циклус, во крвните садови доаѓа до зголемена активност на инсулинот, па со самото тоа се зголемува и желбата и потребата за слатки работи.

Исто така и недостатокот на одредени витамини и минерали, како што е хромот, може да предизвика зголемана желба за слатки.

За да го решите овој проблем, морате да ја победите желбата и да ги елиминирате шеќерите од исхраната. На тој начин ќе го урамнотежите нивото на инсулин и така ќе ја намалите желбата за слатки.

Исто така, многу е важно редовно да се храните и посебно во текот на ручекот и вечерта да венсувате доволно протеини (риба, пилешко месо, соја и слично).

Хромот е клучен составен елемент во таканаречениот „фактор за толеранција на гликозата“, кој го подобрува пореметениот метаболизам на гликоза и така ја намалува желбата за слатки.

Иако повеќето луѓе немаат недостаток на хром, сепак голем дел од нив се на границата. Луѓето кои редовно вежбаат, оние кои пијат многу чај или кафе и оние кои јадат многу слатки, се склони кон недостаток на хром.

Ова значи дека организамот на оние личности, кои не можат без слатки, заради наедостатокот на хром е и најслаб преработувач на внесени шеќери. На многу жени во периодот на ПМС, внесувањето на хром им помага во совладувањето на симптомите.

И внесот на масти во организмот е важен фактор во периодот на ПМС. Истражувањата покажуваат дека мастите се поврзани со нивото на простагладин и естроген.

Имено ако се намали внесот на масти, се намалува и нивото на простагладин и естроген, а со тоа се ублажуваат и симптомите на ПМС-от. Но постојат и корисни масти, како што се маслиновото и лененовото масло, кои помагаат во ублажувањето на симптомите.

Солта во исхраната, помага во насобирањето на течности, а со тоа и го поттикнува чувството на надуеност и зголемена чувствителност.

Последните истражувања, говорат и дека натриумот од солта влијае на трошењето на глукозата во крвта, што значи дека зголеменото количесто на сол во исхраната може да предизвика пад на шеќерот во крвта, заради што се јавува чувство на слабост и раздразливост.

Повеќето жени воопшто не се свесни какво влијание на ПМС-от имаат влакната во исхраната. Докажано е дека прехрамбените влакна, го врзуваат естрогенот и на тој начин го намалуваат неговото ниво во организмот.

Преголемото ниво на естроген се смета за еден од главните причинители на симптомите на ПМС-от. Така со зголемен внес на прехрамбени влакна, а посебно во текот на двете недели пред менструалниот циклус, може да се ублажат голем дел од несаканите симптоми.

Би можело да ве интересира:

Жени кои на 30 години дознале дека имаат АДХД ги откриваат симптомите: „Зборување без престан, тешко... „Отсекогаш се чувствував поразлично од другите, секогаш се чувствував како чудак...
Вие прашувате, психолог одговара: „Син ми (3) не сака да оди во градинка – постојано плаче“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт. На пр...
Како се пренесува, кои се симптомите и дали има лек? Сè што треба да знаете за сифилис Сифилисот е честа сексуално пренослива болест која може да се излечи со кратка т...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg