Нешто повеќе за чаевите

nesto-povekje-za-caevite-povekjeЧајот е еден од најпопуларните пијалaци во многу делови од светот и неговото консумирање е навика која сè повеќе се шири и опстојува, дури и во услови...

 

...на современото живеење. Значењето на чаевите за здравјето на луѓето е сe попопуларно денес. Според историските податоци, уживањето во пиење чај датира уште далеку пред 5000 години, во Кина.

nesto-povekje-za-caevite

Чаевите како стимулативни напитоци станале традиција кај Кинезите и Јапонците илјадници години наназад, но постои сознание дека и кај европските народи, навиката да се пие чај е стара можеби повеќе од 1500 години.

Постојат четири вида на чаеви кои се сметаат како главни групи на чаеви, а се направени од исти видови на тревки, односно растенија.

  • Белите чаеви се чаеви кои се едноставно само сварени тревки.
  • Зелените чаеви се кога тревката е исушена на воздух, обарена и исушена.
  • Олонг чаеви се добиваат кога тревката е исушена, здробена, кратко ферментирана и исушена.
  • Црни чаеви се добиваат кога тревката е исушена, здробена, добро ферментирана и исушена.

ЧАЕВИТЕ И ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА

Во студиите кои се правени со експериментални животни, пиењето чаеви резултира со губење на вишокот телесна тежина која била предизвикана со прекумерен внес на масти. Истовремено, таложењето на масни наслаги во абдоменот и црниот дроб се намалило.

Лачењето на прекумерна количина на инсулин, состојба позната како хиперинсулинемија, исчезнала. (Зголеменото количество на излачен инсулин е состојба која се поврзува со здебелување).

nesto-povekje-za-caevite-2Истражувањата, чии резултати се публицирани во американскиот „Журнал за клиничка нутриција“, потврдуваат дека зелениот чај помага во забрзување на согорувањето на мастите.

Споредбено, двете групи кои биле вклучени во експериментот покажале дека оние испитаници кај кои е даван зелен чај, покажувале многу поголема количина на потрошена енергија за 24 часа, за разлика од групата испитаници кај кои е даван плацебо.

Третманот со кофеин во количество колку што го има во зелениот чај, не резултирал со губење на енергија онолку колку што е забелeжaно при давање на чај.

Значи, чајот има специфичен ефект во смисла на губење на телесната тежина и „топење на мастите“, и заради тоа би требало да биде секојдневна навика, особено кај оние луѓе кои прават напори да ја намалат својата телесна тежина.

ПРИДОБИВКИ ОД КОНСУМИРАЊЕТО НА ЧАЕВИТЕ

Чаевите имаат способност да штитат од дегенеративни болести на мозокот и на нервниот систем, како што се Паркинсовата болест и Алцхајмеровата болест.

Зелениот чај по сè изгледа дека има ублажувачко дејство врз дигестивниот тракт, особено врз желудникот за разлика од кафето и од кафињата без кофеин кои имаат особина да ја дразнат слузницата на желудникот предизвикувајќи воспаление.

Наспроти нив, чајот го спречува хроничното воспаление на желудникот. Чајот исто така делува и антивирусно и антибактериски.

Чајот има и пријатен вкус на кој луѓето лесно се навикнуваат. Но, некои чаеви имаат и некои „атрактивни својства“, па дури и зелениот чај, а тоа е присуството на кофеин кој придонесува за надминување на поспаноста и стимулирање на работоспособноста кај луѓето.

Многу истражувања потврдуваат дека луѓето кои имаат навика да пијат чаеви, живеат подолго од оние кои не пијат.

Ако го додадете чајот како пијалок на вашето дневно мени кое е составено од здрава, немрсна, претежно растителна храна, вие ќе ја имате најдобрата одбрана која ја познава денешната наука, која ќе ги држи тешките болести далеку од вашето тело.

Би можело да ве интересира:

Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Која е главната причина за повеќето емоционални проблеми во животот? Причината за повеќето психолошки и емоционални проблеми е траума. Заглавеност во...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg